Винценбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Винценбург
Место во Фреден
Црквата во Винценбург
Црквата во Винценбург
Грб на Винценбург
Винценбург is located in Германија
Винценбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хилдесхајм
Општина Фреден
Основни податоци
Површина 16,64 км2
Надм. височина 178 м
Население 688  (31 декември 2015)
 - Густина 41 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HI
Пошт. бр. 31088
Повик. бр. 05184
Координати 51°56′0″N 9°56′0″E / 51.93333° СГШ; 9.93333° ИГД / 51.93333; 9.93333Координати: 51°56′0″N 9°56′0″E / 51.93333° СГШ; 9.93333° ИГД / 51.93333; 9.93333

Винценбург (германски: Winzenburg) — село и поранешна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 ноември 2016 година е дел од општината Фреден.

Географија[уреди | уреди извор]

Поранешната општина била составена од четири помали единици, вклучувајќи го и селото Винценбург, кое потекнува од средниот век. Винценбург е сместен во Лајнското Средногорје на север од Бад Гандерсхајм, помеѓу националните паркови Харц и Везерското Средногорје. Општината била создадена на 1 март 1974 година од четири поранешни самостојни општини Винценбург, Шилдхорст, Вестерберг и Клумп. Во близина се наоѓа Фреден.

Винценбург[уреди | уреди извор]

Винценбург е главно познат по својот истоимен замок од средниот век, денес во урнатини. Во близина се наоѓаат вештачки рибници. Грофот Херман II од Винценбург изградил замок на Шенеберг.[1]

Вестерберг[уреди | уреди извор]

Селото Вестерберг започнало како населба веднаш до дувач за стакло основан во 1744 година.

Клумп[уреди | уреди извор]

Клумп започнал како село со мали фарми.

Шилдхорст[уреди | уреди извор]

Селото е опкружено од шуми, погодно за пешачење лете и скијање во зима. Постои автобуска линија до железничката станица во Фреден.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Friedhelm Biermann, " Die Adelsherrschaften an Ober- und Mittelweser des 13. und 14. Jahrhunderts: im Kräftespiel zwischen einer neu formierten welfischen Hausmacht und expandierenden geistlichen Territorien" (PDF) Westfälischen Wilhelms - Universität zu Münster (Westfalen). (2005). стр. 407. 5 февруари 2011. (германски)