Винтгар
Винтгар е кањон на реката Радовна врежан помеѓу ридовите Хом (834 м) и Боршт (931 м), во непосредна близина на Блед, Словенија.
Откривање на клисурата
[уреди | уреди извор]Клисурата била откриена случајно во 1891 година, кога Јакоб Жумер, градоначалникот на Горје, и Бенедикт Лергетпорер, картограф и фотограф од Блед, шетајќи и истражувајќи го Сподње Горје, се упатиле кон Бледската Добрава. Тие поминале низ рамнината, за која се мислело дека е непроодна, со голема тешкотија, и ја откриле природната убавина на Винтгар. Во тоа време мештаните знаеле за водопадот Шум, но не знаеле дека зад него постои преубава клисура.[1][2]

Откритието се случило во време кога водостојот на реката Радовна бил многу низок. Воодушевени од убавините, Жумер и Лергетпорер одлучиле да формираат одбор за изградба. Клисурата е отворена за јавноста на 26 август 1893 година. Тогаш биле изградени повеќе од 500 метри мостови и галерии, што им овозможило на туристите да ја посетат клисурата.[3]
Карактеристики на клисурата Винтгар
[уреди | уреди извор]Според некои извори, називот потекнува од германскиот збор „Weingarten“, бидејќи некогаш тука имало лозја.[4] Клисурата е долга 1600 метри и длабока до 250 метри, на источниот раб на Националниот парк Триглав, 4 километри северозападно од центарот на Блед. Го формирала реката Радовна, која набргу по напуштањето на клисурата како десна притока се влева во Сава Долинка. Винтгар е тесен со стрмни, вертикални ѕидови. Во својот најтесен дел „Пеколот“ е широк само неколку метри. Ѕидовите на коритото се високи од 50 до 100 метри, а падините над нив продолжуваат уште 100 метри и се разделени.

Во текот на меандерот, паѓајќи преку праговите на брзаците и водопадите, по дното и ѕидовите, водата создава широк спектар на различни форми на ерозија. Дејството на водата е уште поголемо поради камењата, чакалот и карпите во неа. Геолошката граница ја обележува водопадот Шум, кој со висина од 13 метри се смета за најголем водопад во Словенија. Под водопадот има базен во кој посетителите можат да се бањаат, со голема доза на храброст и одважност поради исклучително студената вода. Исто така убав е и Малиот водопад во средина на клисурата.
Поради специфичните карактеристики на климата и поднебјето, во Винтгар растат многу растителни видови кои се разликуваат од вегетацијата карактеристична за околината. Прв ги воочил свештеникот и аматерски ботаничар Јанез Шафер. Списокот на растенија од Винтгар ги објавил во 1899 година. Иван Годец во својата статија во „Дом и свет“, а потоа и во брошурата „Винтгар, слики од Горна Швајцарија“.
Објекти во клисурата
[уреди | уреди извор]Над клисурата, на место со широчина од 53 метри, и на 33,5 над патот изграден е еднолачен мост на Бохињската железница, изграден во 1906 година и јаз, од кој најголемиот дел од водата се одведува со цевки до малата хидроцентрала Винтгар под Шум. Мостот некогаш бил дел од железничката пруга меѓу Прага и Трст, а денес сообраќајува од Јесенице до Нова Горица.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Клисурата Винтгар, во близина на Блед, Словенија
-
Клисурата Винтгар, во близина на Блед, Словенија
-
Клисурата Винтгар, во близина на Блед, Словенија
-
Клисурата Винтгар, во близина на Блед, Словенија
-
Клисурата Винтгар, во близина на Блед, Словенија
-
Клисурата Винтгар, во близина на Блед, Словенија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Vintgar Gorge“. summitpost.org. Посетено на 28. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Vintgar Gorge in Triglav National Park“. bledoscope.com. Архивирано од изворникот на 28. 03. 2020. Посетено на 28. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „The Vintgar gorge“. sloveniaholidays.com. Посетено на 28. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Blejski vintgar“. slotrips.si. Посетено на 28. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „VINTGAR“. vintgar.si. Посетено на 28. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
|