Винсент Шу
Винсент Шу (англиски: Vincent Sheu, р. 1. октомври 1990 година) е американски натпреварувач во брзо решавање на Рубикова коцка. Шу има поставено неколку светски рекорди, вклучувајќи ги дисциплини како најмалку потези и едно решавање на 2x2x2 коцка.[1] Тој моментално е директор и делегат за Светската асоцијација за Рубикови коцки (англиски: World Cube Association, WCA), преку која учествувал во организацијата на бројни државни и меѓународни натпревари.[2] Претходно меѓу 2012 и 2015 година, Шу беше прв претседавач на Регулационата комисија за WCA заедно со Лукас Гарон.[3] Во текот на неговиот мандат, правилникот за натпревари беше целосно ревидиран.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Шу живее во Саратога, Калифорнија, САД. Освен со решавање на Рубикова коцка, тој се занимава и со друштвен танц.[4] Неговото образование е во областа на статистиката и молекулатната и клеточна биологија на додипломско ниво од Калифорнискиот универзитет во Беркли[5], а за постдипломски студии има степени по биоинженерство (од Беркли) и по право и компјутерски науки од Стенфордовиот универзитет.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Vincent Sheu | World Cube Association“. www.worldcubeassociation.org. Посетено на 2020-04-12.
- ↑ „US Nationals 2016 - Rubik's Cube Competition“. archive.cubingusa.org. Посетено на 2020-04-12.
- ↑ „World Cube Association Regulations Committee - Speedsolving.com Wiki“. www.speedsolving.com. Посетено на 2020-04-12.
- ↑ „Gang of 13“. bigdance.stanford.edu. Посетено на 2020-04-12.
- ↑ „Berkeley's alumni network, @cal“. @cal (англиски). Посетено на 2020-04-12.
- ↑ News, Stanford. „Stanford represented at national Rubik's Cube competition | The Dish“. news.stanford.edu (англиски). Посетено на 2020-04-12.