Винодолски законик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Винодолскиот законик, копија од 16-тиот век

Винодолскиот законик (хрватски: Vinodolski zakonik) е еден од најстарите правни текстови напишан на чакавскиот дијалект од хрватскиот јазик, и е еден од најстарите словенски закони.[1][2] Напишан е на глаголица. Првично бил составен во 1288 година од комисија од 42 члена во Нови Винодолски, град на брегот од Јадранското Море во Хрватска, кој се наоѓа јужно од Цриквеница, Селце и Брибир, а северно од Сењ. Сепак, самиот законик е сочуван во облик на копија од 16-тиот век.

Статут[уреди | уреди извор]

Бил поставен параграф за да се дефинира односот помеѓу кнезовите и селанството во регионот.[3] Тоа е најстариот меѓу сите хрватски градски статути, што претставувало спогодба меѓу луѓето од Винодол и нивните нови господари, кнезовите од Крк. Содржи важни информации за феудалниот закон во оваа област, кој ги заменил старите племенски обичаи. Винодолскиот статут е значаен бидејќи дава увид за животот и политичките услови во средновековна Европа. Најстарите прописи во врска со јавното здравје во западна Хрватска се сочувани во Винодолскиот статут. Денес се чува во Националната и универзитетска библиотека во Загреб.

Винодолскиот статут го потврдува статусот на Винодол како административен и политички центар во 13-тиот век. Текстот на статутот е зачуван како копија од 16-тиот век.

Изданија[уреди | уреди извор]

Првото печатено издание било објавено во 1843 година од Антун Мажураниќ во третиот годишен том на списанието Коло. Во 1846 година, Осип Бодјански го превел на руски јазик, а Ана Михајловна Евреинова го уредила изданието од 1878 година во Санкт Петербург, со факсимил на оригиналната, како и латинична и кирилична транслитерација. Ватрослав Јагиќ го објавил оригиналниот и рускиот превод во 1880 година со филолошки и правен коментар. Во 1856 година, Вацлав Мацејовски го превел на полски јазик; Жил Прекс го превел во 1896 година на француски јазик; Марк Костренчиќ го превел во 1931 година на германски јазик; а Лујо Маргетиќ го превел во 1981/1982 година на италијански јазик, и во 1983 година на англиски јазик. Јосип Братулиќ го уредил изданието за факсимил од 1988 година со коментари и речник.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brozyna, Martha A. (2005-03-21) (на en). Gender and Sexuality in the Middle Ages: A Medieval Source Documents Reader. McFarland. ISBN 9780786420421. https://books.google.mk/books?id=uGWZ0I6aF7cC&pg=PA115&dq=vinodol+oldest&hl=en&sa=X&ei=6EhcUpruG8SD4gS5i4GoDg&redir_esc=y#v=onepage&q=vinodol%20oldest&f=false. 
  2. Sedlar, Jean W. (1994) (на en). East Central Europe in the Middle Ages, 1000-1500. University of Washington Press. ISBN 9780295972916. https://books.google.com/books?id=3o5lrvuwOVwC&pg=PA436&dq=second+oldest+vinodol+law+codex&hl=en&sa=X&ei=LkZcUp31DcWC4ATAn4GwDg&redir_esc=y#v=onepage&q=second%20oldest%20vinodol%20law%20codex&f=false. 
  3. Dvornik, Francis (1962) (на en). The Slavs in European History and Civilization. Rutgers University Press. ISBN 9780813507996. https://books.google.com/books?id=LACpYP-g1y8C&pg=PA139&dq=vinodol+statute&hl=en&sa=X&ei=rtxiUo2AAuet4ASV1IHwBg&redir_esc=y#v=onepage&q=vinodol%20statute&f=false. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]