Винка Саздова
Винка Саздова | |
---|---|
Роден/а | 10 август 1956. Стрезовце, НР Македонија, ФНРЈ |
Занимање | Писател |
Националност | Македонка |
Народност | Македонка |
Апсолвент на | Филозофски факултет - Скопје |
Винка Саздова (Стрезовце, 10 август 1956) — македонска писателка и основач на Издавачкиот центар ТРИ во Скопје.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Винка Саздова е родена на 10 август 1956 година во Стрезовце, Македонија . На Филозофскиот факултет во Скопје дипломирала на отсекот Психологија. Била вработена како новинарка во редакцијата за култура на дневниот весник „Вечер“, уредничка за култура на весникот „Република“. Потоа работела како соработник во издавачката куќа „Култура“, како директор и главен уредник на издавачката куќа „Зумпрес“. Таа го основала „Издавачкиот центар Три“ во 1999 година и била негов главен уредник десет години.[1]
Творештво[уреди | уреди извор]
Со книжевност почнала да се занимава од 2009 година. Ги објавила романите (Последниот чај, 2009), Полиња со диви нарциси, 2011, Понекогаш доаѓа среќа, 2013, Луна, 2015 и Вилино, 2019. Двапати била прогласена за најчитана авторка: во 2012 година од НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје. Моментално живее и работи во Скопје и Охрид.[1] Нејзините дела се преведени на српски, хрватски и бугарски.[2]
Приватен живот[уреди | уреди извор]
Винка Саздова е во брак со Славко повеќе од четири децении и со него има три сина, Александар, Бојан и Љубомир.[3]
Библиографија[уреди | уреди извор]
Романи[уреди | уреди извор]
- Последниот чај, 2009
- Полиња со диви нарциси, 2011
- Понекогаш доаѓа среќа, 2013
- Луна, 2015
- Вилино, 2019
Книги за деца[уреди | уреди извор]
- Ти носам пустински песок, 2021
Награди[уреди | уреди извор]
Винка Саздова двапати била прогласена за најчитана авторка, во 2012 и во 2014 година.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Винка Саздова“. shop.kniga.mk. Посетено на 8 јули 2023.
- ↑ „„Мојот живот, мојот свет": Винка Саздова (2)“. publicitet.mk. Посетено на 8 јули 2023.
- ↑ „„Мојот живот, мојот свет": Винка Саздова“. publicitet.mk. Посетено на 8 јули 2023.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Автори ТРИ - ВИНКА САЗДОВА
- Винка Саздова
- Со кликнување на линкот - ќе го слушнете првиот дел од интервјуто со Винка Саздова. Автор и водител: Милчо Јованоски
- Со кликнување на линкот - ќе го слушнете вториот дел од интервјуто со Винка Саздова. Автор и водител: Милчо Јованоски
- Винка Саздова
- Винка Саздова - Фејсбук