Вини Пу (книга)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Вини Пу (англиски: Winnie the Pооh) е роман за деца од англискиот писател Александер Ален Милн, првобитно објавен во 1926 година.
Содржина[уреди | уреди извор]
Покрај воведот, романот има десет глави:[1]
- Глава I: Во неа се запознаваме со Вини Пу и со неколку пчели, и приказните почнуваат
- Глава II: Во неа Пу оди на посета и се заглавува
- Глава III: Во неа Пу и Прасенцето одат на лов и за малку не успеваат да фатат видра
- Глава IV: Во неа Ушле ја губи својата опашка, а Пу ја наоѓа
- Глава V:Во неа Прасенцето сретнува еден Слон-клапоушко
- Глава VI: Во неа Ушле слави роденден и добива два подарока
- Глава VII: Во неа Кенга и бебето Ру доаѓаат во шумата и го бањаат Прасенцето
- Глава VIII: Во неа Кристофер Робин води експотиција на Северниот Пол
- Глава IX: Во неа Прасенцето е окружено со водар од сите страни
- Глава X: Во неа Кристофер Робин приредува забава за Пу и ние се збогуваме
Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]
Издание на „Детска радост“ од 1988 година[уреди | уреди извор]
Книгата, издадена во склоп на мини џебната библиотека „Синоличка“, има 100 страници, во мек повез, со обем од 18 страници. Преводот од англиски јазик го направила Даница Цветановска, а ликовното уредување и дизајнот на корицата се дело на Александар Каевски. Покрај основниот текст, на крајот е дадена куса белешка за авторот. Книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје, но ја нема меѓународната ознака ISBN. Книгата е испечатена во НИПРО „Нова Македонија“, ООЗТ „Печатница“ - Скопје.[2]