Винарска визба „Стоби“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стоби
Stobi
ВидАД
ДејностВинарство
Основано2009
СедиштеГрадско, Македонија
автопат бр.2 1400 Градско,
Градско
,
Република Македонија
Производивино
Мреж. место/ info@stobiwinery.mk

Винаријата Стоби е основана во 2008 година, а во април 2009 година започнало инсталирање на процесна опрема и технологија. Винаријата Стоби се наоѓа во централниот дел на Македонија, во најпознатото виногорје-Тиквешкото на само 80 км од главниот град Скопје. Винаријата се простира на површина од 600 хектари, на идеална географска локација каде што се вкрстуваат две клими, средоземната од југ и континенталната од север. Оваа област е една од најпогодните за одгледување на винова лоза и производство на вино на целиот балкански полуостров. Вкупната годишна температурна сума во текот на растителноста е 5300 °C - 5500 °C, врнежите се 500-600 литри на метар квадратен и максималната дневна температура во текот на јули и август изнесуваат околу 40 °C.[1].

Капацитет[уреди | уреди извор]

Капацитетот на винарската визба е 4.500.000 литри од кои 1.200.000 литри се предвидени за ферментација. Првиот чекор за добивање на врвен квалитет на виното е квалитетот на грозјето. За да осигураме врвен квалитет, производството се заснова исклучиво на грозје одгледувано на сопствените лозови насади, кои се простираат на површина од околу 600 хектари и вклучуваат бели сорти како Жилавка, Жупљанка, Ркацители, Рајнски Ризлинг, Италијански ризлинг, Шардоне, Мускат Отонел и црвени сорти како Пино Ноар, Вранец, Мерло, Каберне Совињон, Каберне Франк, Шираз, Петит Вердо итн.

Суштината на виното и она од што сè почнува, е грозјето. Затоа обрнуваме исклучително внимание на нашите лозови насади. Секоја година инвестираме во подигање на нови лозови насади и за последните две години засадивме 60 хектари со лозов калем кој доаѓа од една од највисоко признаените институции во светот, Vivai Cooperativi Rauscedo - од Фриули, Италија. Кога станува збор за виното, ние имаме само највисоки критериуми[1].

Технологија[уреди | уреди извор]

Целокупната инсталирана технологија во винаријата Стоби е целосно автоматизирана и е во тек со најновите научни достигнувања, која потекнува од реномирани компании како што се ГИМАР ТЕЦНО, СИПРЕМ, ДАЛА ТОРРЕ IMPIANTI, GORTANI - сите од Италија, додека линијата за полнење (единствена од ваков вид во Македонија) е дело на германско-италијанскиот конзорциум КРОНЕС - КОСМЕ ГРУП.Линијата за полнење вино потекнува од KRONES АG и има има капацитет од 5.000 шишиња на час и може да работи со пет формати на шишиња (1л стелвин, 1л плута, 0.750л, 0,5 л, 0.187л шише).

Бидејќи винаријата Стоби е релативно млада компанија, водени од желбата да се биде подобра и поуспешна од конкуренцијата, за првпат во историјата на македонското производство на вино, бил напуштиен класичниот систем на филтрирање на вино со помош на филтрирање на адитиви, како што се перлитот и гуарот или употребувајќи остри филтри филтрирање на вино кое негативно влијаело на квалитетот на виното и на животната средина, бидејќи киселбур дијатоменот е, всушност, биоразградлива почва и ја загадува земјата и ја набљудува отпадна вода како резултат на силициум диоксид. Затоа, Винаријата одлучила да воведе сосема нова технологија од 21 век, а тоа го направиле со купување на целосно автоматски попречни или тангентни филтерски мембрани, кои се направени од полиетилен сулфон и номиналната големина на само 0,2 микрони. Ова значи дека поради големината на мембраните и нивниот асиметричен распоред, филтрирањето на виното преку овој филтер ќе ги елиминира речиси сите микроорганизми кои подоцна може да го реконтаминираат виното и со тоа да го уништат брендот на вино и, секако, брендот на винарија[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Винарија Стоби :: Производи“. stobiwinery.mk. Архивирано од изворникот на 2017-12-07. Посетено на 2017-12-12.
  2. „Stobi Winery“. www.ecotip.com.mk. Посетено на 2017-12-12.[мртва врска]