Винарска визба „Картал“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Картал
Kartal
ТипАД
Oснована2004
СедиштеСкопје, Република Македонија Скопје, Македонија
бул. Борис Трајковски 34/1a
ДејностВинарство
Производивино
Вработени5
Порталkartal.com.mk

Картал — винарска визба од Скопје, Македонија.

Историјат[уреди | уреди извор]

Винарската визба КАРТАЛ е основана како резултат на фамилијарна традиција, почит кон виното и виновата лоза.

Нашата мисија се заснова на одржување на врската меѓу човекот и природата, а нејзините продукти преточени во нектар на боговите.

Производство[уреди | уреди извор]

Лоцирана во главниот град на Македонија, Скопје, со својот мал капацитет од 100.000 литри на годишно ниво, најсовремена опрема за преработка и зреење на виното и грижливо одбраното сортно грозје од скопското виногорје, нашата винарска визба Ви овозможува висок квалитет и уживање во секоја капка вино. Спојот на традицијата и науката е идеална комбинација која нашите енолози ја претвораат во совршенство. Одлично избалансираните вина, сортните карактеристики, овошните тонови и љубовта која им е дадена го заслужуваат вашето внимание.

Од својата производна линија, винаријата „Картал“ има 5 свои вина, од кои 3 црвени и 2 бели вина, за кои грозјето се обезбедува од Тиквешкото вингорје. Целото производство обезбедува пласман во повеќе супермаркети во Македонија, а еден дел се извезува во странство и тоа во САД, Канада, Јапонија и во договори со винарски продавници во Западна Европа

Галерија[уреди | уреди извор]

Вина[уреди | уреди извор]