Вил Кимлика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вил Килмика
на Универзитетот во Гвадалахара, Мексико, во јуни 2007 година.
Роден(а)Лондон, Онтарио, Канада
ПериодСовремена филозофија
ПодрачјеЗападна филозофија
ШколаПолитичка филозофија
Претежна дејност
Либерализам, мултикултуризам, граѓанство, малцински права

Вил Кимлика е канадски политички филозоф, познат по неговото дело за мултикултурализмот. Тој во моментов е професор по политичката филозофија на Универзитетот Квинс во Кингстон и исто така е визитинг професор на програмата на студиите по национализам на Средноевропскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија.[1]

Мнение за Мултикултурализмот[уреди | уреди извор]

Една од главните грижи во неговите дела е да пронајде либерална рамка за праведен однос кон малцинските групи, кои ги дели на полиетничка група и национално малцинство. Во неговото дело Современа Политичка Филозофија ги споредува т.н. нормален граѓанин со граѓанинот кој застранува од тој модел, односно мнозинството наспроти малцинството. Во делото се наведуваат и петте модели на мултикултурализмот и како градењето на нација од мнозинството влијае врз секоја подгрупа. Кимлика ги дели малцинствата на пет модули.

Националните малцинства се стремат вообичаено за автономија каде ќе се гаат нивните култура, јазик и традиции. Според Кимлика националните малцинства се делат на субдржавни нации и староседелци. Субдржавните нации во моментот немаат држава во која се мнозинство а во минатото можеби барале таква држава. Додека староседелците се група на луѓе чии традиционални земји се заземени од доселеници кои ги управуваат. Едноставно, првите се натпреварувачи но губитници во процесот на создавањето на европска држава, а другите пак биле целосно изолирани од тој процес. Пример за субдржавни нации се Каталонците, Баските, Фламанците, Шкотите, Велшаните итн. Во минатото се гледало на задушување на малцинските права особено при истакнување на малцинскиот национализам на пример забрана за образование на мајчин јазик. Сепак во втората половина на минатиот век се доаѓа до теорија дека задушувањето на малцинските права е грешка со што таа погубна политика се менува во западните култури.

Втората група малцинство се емигрантските групи кои полесно се интегрираат во општеството на мнозинството поради економски и понекогаш политички причини поддржани по посебни програми на државите во кои емигрираат. Нивните барања кон државата се минимални и емигрантите највеќе имаат потреба за задоволување на некои одлики од нивната заедница. Земји кои највеќе впиваат ваков вид малцинство се Америка, Канада и Австралија благодарение на нивните емигрантски програми.

Трети се изолационистичките етнорелигиозни групи кои се самомаргинализираат од мнозинството и како такви делумни граѓани бараат дистанцирање на заедницата од модерното општество. Тие не дозволуваат нивни членови да избираат слободно за подобар личен живот туку избираат на ниво заедница со цел да не се загрози заедницата од надворешно влијание. Вакви примери се Хутерите, Амишите и Хасидските Евреи.

Четврто, се наведува една необична група емигранти. Тоа се на некој начин непожелни емигранти кои дошле во една западна демократија како сезонски работници и останале најчесто нелегално да престојуваат. Вакви примери се Мексиканците во Калифорнија, Турците во Германија. Додека во минатото овие групи се сметаа за отпадници и политиката на мнозинството беше насочена да ги враќа онаму од каде што дошле (случаи забележани во Германија, Австрија како и Франција со протерувањето на Ромите од Романија и Бугарија) денес позицијата се менува да се придобива оваа група со што ќе им се овозможат права како по емигрантска програма.

Петто, Афроамериканците се малцинство која предизвикувала полемики во американското општество и пошироко. Нивната ситуација била крајно обесправена и потребни биле векови за да се донесат закони против нивната дискриминација иако како малцинство се присутни во САД онолку долговековно како и белците. Наведувајќи ја сета таа политика на признавање, Кимлика го отповикува Хоровиц каде се наведува дека раната великодушна децентрализација има поголеми шанси да го спречи отколку да го поттикне етничкиот сепаратизам.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Biography" Архивирано на 14 април 2009 г., Will Kymlicka's Homepage. Accessed 2 November 2007.