Вилхелм I (Хесен)
| Вилхелм I | |
|---|---|
Портрет од Вилхелм Ботнер, 1795 година | |
| Изборен кнез на Хесен | |
| На престол | 31 октомври 1785 - 27 февруари 1821 |
| Претходник | Фридрих II |
| Наследник | Вилхелм II |
| Роден(а) | 3 јуни 1743 Касел, Ландгравијат Хесен-Касел |
| Починал(а) | 27 февруари 1821 (возр. 77) Касел, Изборно Кнежевство Хесен |
| Сопружник | |
| Династија | Династија Хесен |
| Татко | Фридрих II, Ландграв од Хесен-Касел |
| Мајка | Марија Принцеза од Велика Британија |
| Вероисповед | Калвинизам |
Вилхелм I (германски: Wilhelm I, Kurfürst von Hessen; 3 јуни 1743 – 27 февруари 1821) — најстариот преживеан син на Фридрих II, Ландграв од Хесен-Касел и принцезата Марија од Велика Британија, ќерка на Џорџ II.
Неколку други изборни кнезови на Светото Римско Царство биле признати за кралеви на Конгресот во Виена (1815), а Вилхелм се обидел да им се придружи со тоа што се прогласил за крал на Хатите. Меѓутоа, европските сили одбиле да ја признаат оваа титула на Конгресот во Екс-ла-Шапел (1818) и наместо тоа му ја дале титулата Голем Војвода. Сметајќи дека титулата принц-изборник е супериорна по достоинство од онаа на Големиот Војвода, Вилхелм избрал да остане електор, иако веќе непостоело Царството. Хесен-Касел ќе остане електорат додека не биде припоен од Прусија во 1866 година.
| ||||||