Вилхелм Темпел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Откриени астероиди: 5
64 Ангелина 4 март 1861
65 Кибела 8 март 1861
74 Галатеја 29 август 1862
81 Терпсихора 30 септември 1864
97 Клото 17 февруари 1868
Вилхелм Темпел

Ернст Вилхелм Либерехт Темпел, најчесто само Вилхелм Темпел (германски: Ernst Wilhelm Leberecht Tempel; 4 декември 182116 март 1889) — германски астроном кој работел во Марсеј сè до почетокот на Француско-пруската војна во 1870 г., а потоа се преселил во Италија.[1]

Роден е во селото Нидеркунерсдорф, Саксонија. Открил вкупно 21 комета, од кои некои веќе биле независно откриени од други. Позабележителни откритија кои го носат неговото име се 55P/Темпел-Татл, за која денес се знае дека е матично тело на метеорските дождови Леониди и 9P/Темпел — цел на сондата „Дип Импакт“ на НАСА во 2005 г. Други периодични комети наречени по него се 10P/Темпел и 11P/Темпел-Свифт-LINEAR. Покрај тоа, открил и 5 астероиди

Во 1861 г. ја добил Лаландовата награда на Француската академија на науките, како и Валзовата награда во 1880 г.[2]

Починал во 1889 г. во Арчетри, близу Фиренца.

Почести[уреди | уреди извор]

Во негова чест се наречени астероидот 3808 Темпел и кратерот Темпел на Месечината.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вилхелм ТемпелКатоличка енциклопедија (англиски)
  2. „Comptes rendus hebdomadaires des séances de l'Académie des sciences“. Prix Valz. Paris: Gauthier-Villars. 1900. стр. 1574.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]