Вилхелм Вагенфелд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилхелм Вагенфелд
Роден Вилхелм Вагенфелд

(Wilhelm Wagenfeld)
15 април 1900
Бремен, Германија

Починал 28 мај 1990
Штутгарт, Германија
Националност Германец
Занимање индустриски дизајнер
Позната WA24 Вагендфелдова лампа, од 1924 година.

Вилхелм Вагенфелд (германски: Wilhelm Wagenfeld, 15 април 1900, Бремен, Германија - 28 мај 1990, Штутгарт, Германија) бил важен германски индустриски дизајнер на 20. век, ученик на Баухаус. Дизајнирал стаклени и метални објекти за Јенер Гласверк Шот и ген., Верајнигте Лаусицер Гласверке во Вајсвасер, Розентал, Браун Гмбх. и ВМФ. Некои од неговите дизајни сѐ уште се произведуваат.

За класика се смета ламбата за маса наречена Wagenfeld Lampe (1924), која ја дизајнирал заедно со Карл. Ј. Јукер. Благодарение на соработката со Шарл Кродел, неговите дела се нашле на изложбите и во музеите.