Вилки Колинс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилки Колинс
Wilkie Collins
Wilkie-Collins.jpg
Роден/аВилијам Вилки Колинс
8 јануари 1824(1824-01-08)
Мерилбон, Лондон, ОК
Починат/а23 септември 1889(1889-09-23) (возр. 65)
Лондон
Период1840-ти – 1880-ти
Жанрфикција, драма
Деца3

Потпис

Вилијам Вилки Колинс (англиски: William Wilkie Collins, 8 јануари 1824 – 23 септември 1889) — англиски романсиер, есеист и драматург. Колинс е најпознат по своите романи „Жената во бело“ (1859) и „Месечев камен“ (1868). Во текот на својата писателска кариера, Колинс има објавувано и дела кои се во соработка со Чарлс Дикенс, со кој станала добар пријател

Ран живот[уреди | уреди извор]

Колинс бил роден на улицата „Њу Кавендиш“ 11, Мерилбон, Лондон, син на Вилијам Колинс, добро познат сликар на пејзажи и неговата сопруга Хариет Гедес. Крстен по неговиот татко, тој наскоро бил познат по неговото средно име. Семејството се преселило на улицата Понд, Хемпстед, во 1826 година. Во 1828 година бил роден братот на Колинс, Чарлс Олстон Колинс. Помеѓу 1829 и 1830 година, семејството Колинс се преселило двапати, прво на плоштадот Хемпстед, а потоа и на Порчестер.[1] Вилки и Чарлс го добиле своето рано образование во домашни услови од нивната мајка. Семејството Колинс било многу религиозно, а мајката на Колинс инсистирала на редовна посета на црква, што Вилки не го сакал. [2]

Во 1835 година, Колинс започнал да оди на училиште во академијата Маида Вејл. Од 1836 до 1838 година живеел со своите родители во Италија и Франција, што му оставило голем впечаток. Тој научил италијански јазик додека семејството било во Италија и започнал да учи француски јазик, на кој на крајот ќе стане течен говорник.[3] Од 1838 до 1840 година, тој присуствувал на приватното интернатско училиште на Пречесниот Кол во Хајбери, каде бил малтретиран од соученици.[4]

Во 1840 година семејството се преселило на 85 Оксфорд Тераса, Бејсвотер. Кон крајот на 1840 година, Колинс го напуштил училиштето на возраст од скоро 17 години и се вработил како помошник на службеник во фирмата на трговци со чај Антробус и Ко, фирма во сопственост на пријател на таткото на Вилки. Не му се допаѓала неговата канцелариска работа, но работел во компанијата повеќе од пет години.

Колинс започнал да пишува и ја објавил својата прва приказна „Тренерот на последната сцена“ во списанието „Илуминејтед“ во август 1843 година.[5] Во 1844 година отпатувал за Париз со Чарлс Вард. Истата година тој го напишал својот прв роман, „Јолани или Тахити како што беше; романса“, која беше доставена до Чепмен и Хол, но била одбиена во 1845 година. Романот останал необјавен за време на неговиот живот.[1]

Книжевни дела[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Библиографија на Вилки Колинс.

Некои од избраните дела на Колинс се:

Насловна страница на првото издание на Опседнат хотел, 1879

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 The Cambridge Companion to Wilkie Collins; Chronology. Cambridge University Press. 2006. стр. xiii–xix. ISBN 0-521-84038-4.
  2. Klimaszewski 2011, стр. 15.
  3. Klimaszewski 2011, стр. 17–18.
  4. Clarke, William M. (2003). Introduction to The Legacy of Cain. UK: Alan Sutton. стр. v–x. ISBN 0-7509-0453-4.
  5. Klimaszewski 2011, стр. 19–21.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ackroyd, Peter (2012). Wilkie Collins. London: Chatto & Windus.
  • Bleiler, Everett (1948). The Checklist of Fantastic Literature. Chicago: Shasta Publishers. стр. 81.
  • Robert Gottlieb, "'Make 'Em Cry, Make 'Em Laugh, Make 'Em Wait'", The New York Review of Books, vol. LXIV, no. 10 (8 June 2017), pp. 25–28.
  • Klimaszewski, Melisa (2011). Brief Lives: Wilkie Collins. London: Hesperus Press. ISBN 978-1-84391-915-5.
  • Olive Logan "Wilkie Collins's Charms"

Надворешни врски[уреди | уреди извор]