Вили МекФол

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вили МекФол
Willie McFaul
Лични податоци
Роден на 1 октомври 1943 (1943-10-01) (70 г.)
Роден во Колерајн, Северна Ирска
Положба голман
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
196?–1966 Линфиелд ? (0)
1966-1975 Њукасл Јунајтед 290 (0)
Репрезентација
Северна Ирска 6 (0)
Раководител на екипите
1985–1988 Њукасл Јунајтед
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Вилијам Стјуарт МекФoл (роден на 10 јануари 1943 година), познат како Вили или Јам МекФoл, е поранешен северно ирски фудбалски голман и тренер.

Играчка кариера[уреди]

Вили МекФoл му оставил одличен впечаток на тогашниот менаџер на Њукасл Џо Харви, па така тој му платил £ 7, 000 Линфиелд за младиот Ирец кој штотуку примил седум гола во пријателскиот подготвителен натпревар против страчките, а можел да прими и многу повеќе доколку во некој ситуации не реагирал брилијантно. Вили го направил своето деби за Њукасл во поразот дома со 2-0 на Сент Џејмс Парк од Ливерпул на 12 ноември 1966 година и ги поминал првите две сезони од неговата кариера борејќи се за место во првиот тим со Гордон Маршал. Кога конечно му била укажана шанса, на почетокот на сезоната 1968-69 сезона, тој ја зграпчил со двете раце и останал прв избор на голманската позиција се до неговото пензионирање во 1975 година. И покрај тоа што бил релативно низок за голман, МекФол се прославил со фантастична способност да ја командува неговата одбрана во својот шестнаесетник, како и со исклучителната храброст да се фрла во нозете на противничките напаѓачи. Тој имал развиено репутација на фантастичен голман кој донесува брзи и важни одлуки како и да прави незаборавни спасувања, а сета своја класа ја покажал и во турнирот на купот на велесаемските градови во сезоната 1968-69. Во првиот полуфинален натпревар против Ренџерс на Ibrox по завршувањето на првото полувреме со 0-0, МекФол го соборил шведскиот напаѓач Орјан Персон, по што бил досуден пенал за Ренџерс, но ударот на Енди Пенман бил брилијантно одбранет од страна на човекот што го направил. Потоа во финалето на ова натпреварување, кога Њукасл во првиот натпревар го победил унгарскиот Ујпешт со 3-0 дома, МекФол одбранил неколку чисти гола и му обезбедил на својот тим сигурна предност пред реваншот и Њукасл практично ја имал едната рака на пехарот. Но сепак, во реваншот не било толку лесно веќе попрвото полувреме Ујпешт водел со 2-0, а МекФол уште еднаш морал ја покажува својата класа спасувајќи 4 прекрасни шанси на домашните играчи. Во второто полувреме страчките заиграле многу подобро и стигнале до целосен пресврт од 3-2 со кој го освојуваат својот прв европски наслов во историјата на клубот.

Тренерска кариера[уреди]

Вили МекФол беше назначен за вршител на должноста менаџер на Њукасл Јунајтед во август 1985 година откако Џек Чарлтон поднел оставка по пред-сезонскиот пријателски натпревар против Шефилд Јунајтед. Чарлтон го напуштил клубот поради фановите кој биле нездоволни од на Крис Вадл како и неуспехот да се ангажира Ерик Гејтс од Ипсвич Таун. Првиот натпревар на МекФол на клупата на клубот било гостувањето на Саутемптон, кога тој направил многу храбар потег пуштајќи го во игра 18-годишниот плејмејкер на клубот Пол Гаскоњ. До крајот на август Њукасл загубил од Ливерпул со 1-0, но и тоа било доволно добро за да МекФол заработи постојана работа како менаџер во клубот.

МекФол го водел Њукасл се до сезоната 1987-88, но без некој значајни успеси. Неговиот последен натпревар на клупата на тимот бил поразот дома од Ковентри Сити со 3-0 по што МекФол најавил дека се повлекува од функцијата и го напушта клубот по тригодишно раководство со него.

Титули[уреди]

Англија Њукасл[уреди]

Куп на велесаемските градови Шампион (1) : 1969

Надворешни врски[уреди]