Вилијам (принц од Велс)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилијам
Принц од Велс
Принцот Вилијам во 2010 година
СопружникКатерина
ДецаЏорџ Велшки
Шарлота Велшка
Луис Велшки.
Полно име
Вилијам Артур Филип Луис
ДинастијаВиндзор
Гликсбурговци
ТаткоЧарлс III
МајкаДијана

Вилијам (Вилијам Артур Филип Луис, роден на 21 јуни 1982 година) — принц од Велс и престолонаследник, најстариот син на британскиот крал Чарлс III и неговата поранешна сопруга Дијана.

Тој се образуваше во четири училишта во Обединетото Кралство и се здоби со диплома од универзитетот Свети Ендруз. Дел од неговата слободна година тој помина во Чиле, Белиз и држави во Африка, најмногу во Кенија каде што тој имаше живеено и неколкупати одено на одмор. Принцот Вилијам исто така имаше студирано Кисмахили на универзитетите во Кенија и Танзанија. Тој беше овластен во поручник во Блуз енд Ројалс служејќи заедно со неговиот брат Принцот Хари и две години подоцна, го заврши тренирањето како пилот во Кралскиот воздухопловен колеџ Крнавел. Во 2009 година, принцот се префрли во Кралските воздухопловни сили, беше унапреден во капетан на воздухопловната единица и подложен да се обучува за летање со хеликоптер со цел да стане редовен пилот за Спасителните сили. Во есента 2010 година, тој ги заврши општите обуки за хеликоптер и продолжи во RAF Valleyon број 22. Принцот Вилијам се ожени со својата долгогодишна девојка, Кетрин Мидлтон, на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија. Неколку часа пред неговата венчавка, принцот Вилијам беше назначен за војвода од Кембриџ. Се стекнал со титулата војвода од Корнвол кога татко му станал крал во 2002 г., а следниот ден е прогласен за принц од Велс.

Животопис[уреди | уреди извор]

Принцот Вилијам е роден во болницата „Св. Марија“ во Лондон на 21 јуни 1982 година. Тој беше крстен во Музичката соба во Бакигемската палата на 4 август 1982 година (на 82-от роденден на неговата баба од татко му, кралицата Елизабета т.е мајката кралица) од тогашниот надбискуп Роберт Рунс. Кумови на Вилијам беа поранешниот крал Константин II од Грција (неговиот братучед од татко му), принцезата Александра (неговата братучеда од татко му), војвотката од Вестминстер леди Сузан Хусеј, Ромсеј (неговиот братучед од татко му) и г-дин Лоренс ван дер Пост. Тој беше наречен по принцот Вилијам од Глостер, 7 години постариот братучед на татко му и личен херој, којшто починал во 1972 година во авионска несреќа, поради прегревање на моторот.

Како машки внук и наследник на Суверена и син на принцот од Велс, титулата на Вилијам е "Неговото Кралско Височество 'Принцот Вилијам од Велс, иако тој беше наречен "Вомбат (австралиски торбар) "од страна на неговите родители или "Вилс "( име измислено од страна на печатот со кој тој сè уште е познат во јавноста). Беше објавено дека, на возраст од седум, принцот и рекол на мајка си дека посакува да биде полицаец кога ќе биде постар, така што ќе биде во можност да ја заштити мајка си; и на тоа неговиот брат одговорил: "О, не, не можеш. Ти мора да бидеш крал". Првото појавување на Вилијам во јавноста беше на 1 март 1991 година (на Свети Давид), за време на официјалната посета на неговите родители во Кардиф. По пристигнувањето со авион, принцот бил однесен во катедралата Ландаф, каде што се потпишал во книгата за посетители, на тој начин покажал дека е левак. На 3 јуни 1991 година, Вилијам беше примен во кралската болница Беркшир откако бил случајно погоден во челото од страна на колега во голф-клубот. Принцот не ја изгуби свеста, но страдаше од фрактура на черепот и беше опериран во болницата Great Ormond Street, што резултираше со постојана лузна. Во интервју во 2009 година, тој ја нарекол оваа лузна "Хари Потер лузна ". Тој соопштил дека: "Јас ја нареков (лузна), затоа што таа свети понекогаш и некои луѓе го забележуваат тоа, но понекогаш не ја ни забележуваат воопшто.

Дијана сакаше нејзините два сина Вилијам и Хари да имаат поголем спектар на искуство од претходните кралски деца. Дијана ги одведе Вилијам и неговиот брат Хари во Дизни и МекДоналдс. Во замена за тие да ги посетат клиниките за СИДА и засолништата на бездомниците. Таа исто така им купи типични тинејџерски работи, како што се видео игрите. Дијана, принцезата од Велс, која што тогаш беше разведена од принцот од Велс почина во сообраќајна несреќа во 1997 година. Вилијам заедно со неговиот брат и татко останаа во замокот Балморал таа ноќ, и принцот од Велс почека сè до наредното утро за да им каже на синовите за смртта на мајка им. На погребот на мајка им, Вилијам беше придружен од неговиот татко, брат, дедо му (од страна на татко му) и вујко му (од страна на мајка му) одеше позади погребалната поворка од палатата Кенсингтон до Вестминистерската опатија.

Образование[уреди | уреди извор]

Вилијам се образуваше во независни училишта, почнувајќи од детската градинка Џејн Мајнорс и пред-подготвителното училиште Ветхерби, и двете училишта во Лондон. После ова, тој одеше во училиштето Лудгроф близу Вокинхам и во летниот период земаше приватни часови од Рори Стујарт. Во Лудгроф тој учевствуваше во фудбал, но исто така и во пливање, кошарка, пукање во гулаби и крос-кантри трчање. Вилијам се подготви за приемниот испит на Итон колеџот и беше примен. Таму тој студираше географија, биологија и историја на уметност на А-ниво, постигнувајќи оценка 5 по географија, 3 по биологија и 4 по историја на уметноста. Во Етон тој продолжи да игра фудбал како капитен на домашниот тим и започна и со ватер поло. Одлуката да се испрати Вилијам во Етон беше против семејната традиција наместо во Гордонстоун (дедо му на Вилијам, татко му, двајцата чичковци и двајцата братучеди одеа во Гордонстоун), меѓутоа Принцот одеше по стапките на семејството Спенсер, бидејќи татко и и брат и на Дијана се школувале во Етон. Беше договорено помеѓу Кралското семејство и таблоидите дека ќе му биде дозволено на Вилијам да студира без упад на папараците во замена за редовно ажурирање на живот на принцот. Тогашниот претседател на прес комисија за жалби Џон Вакехам, изјави во договорот: “ Принцот Вилијам не е институција, ниту ѕвезда од сапуница, ниту фудбалски херој. Тој е момче, во следните неколку години, можеби во најважниот и понекогаш најболниот дел од неговиот живот, тој ќе порасне и ќе стане маж.”

По завршувањето на неговите студии во Етон, Принцот зеде слободна година, поминувајќи дел од неа тренирајќи во Британската армија во Белиз, работеше во јужниот дел на Чиле. Како дел од интернационалната програма во градот Тортел, Принцот живееше со други млади наставници, делејќи ѓи и заедничките домаќински задолженија, вклучувајќи го и чистењето на тоалетот, и исто така волунтираше како гостин презентер во локалната радио станица.

До 2001 година, Вилијам се врати во Обединетото Кралство и се запиша под името Вилијам Велс во Универзитетот Свети Ендрујс. Новостите за ова предизвикаа зголемување на бројот на апликации во Свети Ендрујс, најмногу од млади девојки коишто чекаа можност за да го запознаат Принцот. Големото внимание не го одврати, напротив, и тој се запиша на часовите по историја на уметност, подоцна го смени неговиот главен предмет во географија, и сакаше да добие шкотска диплома на уметностите за втора класа почести во географијата-најдобар степен за наследникот на престолот на Велика Британија и Комонвелтот царствата. Додека беше на факултет, Принцот Вилијам исто така ја претставуваше шкотската универзитетска ватер поло екипа на натпреварот во Селтик во 2004 година. Тој беше познат како “ Стив ” од другите студенти за да ги избегне новинарите и за да не го откријат неговиот идентитет.

Кралски должности и кариера[уреди | уреди извор]

Вилијам почна да ги придружува неговите родители на официјалните посети уште како мал. Неговата прва кралска турнеја во странство беше со неговите родители во Австралија и Нов Зеланд во 1983 година, одлука донесена од Принцезата од Велс која што се сметаше дека е несоодветна, не само што Вилијам беше многу мал, туку и што двајцата првиот и вториот од линијата за наследување на престолот ќе патуваат заедно. Како и да е, тој беше придружуван или од двата родитела или од неговиот татко на последователните престои, и по дипломирањето на универзитетот, започна сам да се обврзува.

Воена кариера[уреди | уреди извор]

Воена обука и назначувања[уреди | уреди извор]

Откако одлучи да има воена кариера, во октомври 2005 година Вилијам присуствуваше четири дена во Regular Commissions Board на Westbury во Вилтшир, каде што тој беше подложен за да ја судат неговата способност за да стане офицер. Тој ја помина селекцијата, Вилијам отиде до Кралската воена академија Sandhurst во јануари 2006 година. Успешно завршувајќи го курсот, Вилијам дипломира на Sandhurst на 15 декември 2006 година, на дипломирањето присуствуваа кралицата и принцот од Велс, заедно со други членови на кралското семејство, и Вилијам официјално го доби својот статус на поручник на полноќ. Принцот, го прифати презимето Велс бидејќи со векови беше Кралска традиција врз основа на неговата титула, принцот од Велс. Неговиот помлад брат беше во Блуз енд Ројалс како командант во извидувачката единица, и таму тој помина четири месеци обука во Бовингтон кампот, Дорсет.

Кралски должности[уреди | уреди извор]

На 21 годишна возраст, принцот Вилијам беше назначен за советник на државата, и ја започна својата кралска должност кога кралицата беше во странство за да присуствува на владината седница за шефови на Комонвелтот во 2003 година, во Нигерија. За својот 21 роденден, Вилијам исто така го придружуваше татко му на кралската турнеја во Велс, каде што го посетија Anglesey Food Fair и отворија центар за бездомници во Њупорт. До јули 2005 година, тој беше сам на својата прва турнеја во странство, патуваше во Нов Зеланд, во име на неговата баба во нејзината улога како Кралица на Нов Зеланд, во чест на учествувачите во Втората светска војна. За 30-годишнината од добротворноста на неговиот татко, The Prince’s Trust, Вилијам и неговиот брат беа интервјуирани заедно за првпат од Ant & Dec. Во јули 2007 година, принцот Вилијам го придржуваше братучед му од неговата баба Војводата од Кент, кој е претседател на Извидничката асоцијација во Велика Британија, на отворањето на 21-от извиднички Собор, на славењето на стогодишнината од основањето на Извидничкото движење. Беше речено во 2007 година во биографијата на Тина Браун за Дијана, принцезата од Велс, дека Принцот Вилијам, како и неговиот татко, изрази желба да стане генерал-гувернер на Австралија, иако исполнувањето на идејата се смета за сомнително од страна на тогашниот премиер на Австралија Џон Хауард, кој рече: "Ние веќе подолго време ја имавме прифатено идејата дека лицето кое ќе ја заземе таа функција треба да биде австралиски државјанин".

Во 2009 година, беше формиран кабинет за Вилијам од неговата баба, и господинот Дејвид Манинг беше назначен како негов советник. Се шпекулираше кон крајот на 2009 година дека Вилијам ќе биде окупиран и зголемувањето на бројот на церемониите и државните должности на Кралицата беа одбиени од палатата.

Менинг лично го придружуваше во јануари 2010 година каде што тој замина на турнеја за Окленд и Велингтон по барање на кралицата, Вилијам ја отвори новата зграда на Врховниот суд на Нов Зеланд и беше поздравен од шефот Маори. Во март 2011 година, Вилијам го посети градот Крајстчерч, во Нов Зеланд, по неодамнешниот земјотрес, и таму се обрати на комеморацијата во паркот Хегли, во име на неговата баба. По заминувањето од Нов Зеланд, Вилијам отпатува во Австралија, каде што тој ги посети областите погодени од поплави во државите на Квинсленд и Викторија. Откако двапати ги придружуваше неговите родители во Канада, Принцот, со неговата сопруга, патуваше низ земјата и ја посети САД во јуни и јули 2011 година, присуствувајќи на прославата на Канада. На 2 ноември, принцот и принцезата го посетија УНИЦЕФ, центарот за набавка на храна за прегладнети африкански деца во Копенхаген, Данска. Во септември 2012 година, Вилијам и Катерина се упатиле во Сингапур, Малезија, Тувалу и Соломонските Острови како дел од Кралската јубилејна прослава.

На 22 јули 2013 г. принцот Вилијам и принцезата Катерина го добиле своето прво дете — Џорџ, а на 2 мај 2015 г. и второто — Шарлота. На 23 април 2018 г. е роден и вториот син — Луис.

Лични интереси[уреди | уреди извор]

Според примерите на неговите родители, Вилијам презеде интерес во различни каузи од релативно рана возраст. Покојната принцеза од Велс работеше за помош и превенција од ХИВ / СИДА, а Принцот од Велс Велс работеше со природната средина и градските непогодности. Тој, исто така, покажа желба за сиромашните во Африка, понекогаш работеше со неговиот добротворец на брат му, Сентебал.

Хуманитарни и еколошки причини[уреди | уреди извор]

Вилијам стана свесен за ХИВ / СИДА во средината на 1990-тите години, кога неговата мајка почна да ги носи двајцата да ги посетуваат засолништата и клиниките за оние кои страдаат од оваа болест. Во јануари 2005 година, принцот Вилијам и неговиот брат волунтираа во Британскиот Црвен крст за да пакуваат итни резерви за земјите коишто биле погодени во цунамито во 2004 година. Подоцна, во септември, Вилијам го додели неговата покровителство на Сеntrepoint, добротворна организација која им помага на бездомниците. Во текот на периодот кога неговата мајка била покровител на Сеntrepoint, тој ја придружуваше неа на посетите. Вилијам исто така работел во единицата на децата во Кралската болница Marsden за два дена работно искуство во 2005 година, како и помагање во медицинските истражувања, угостителството, и фондот за сектори. Истата година, тој помина две недели во Северен Велс со планински спасувачки тим. Во мај 2007 година, Вилијам стана покровител на двете организации (неговата мајка, исто така, претходно била покровител на Кралската болница Marsden) и тој стана дел од Mountain Rescue Англија и Велс, со цел, според неговите зборови, " несебична и храбра работа на нашите планински спасувачки организации".

Принцот, исто така, стана покровител на Tusk Trust во декември 2005 година, добротворна организација која работи за дивиот свет и иницирање на развој на заедницата, вклучувајќи обезбедување на образование во Африка. Вилијам стана поврзан со организацијата откако беше сведок на неговата работа кога беше во Африка. Велејќи: "рурална Африка го поддржува образованието, одговорноста и учеството во локалната заедница ". Во 2010 година, Принцот стана покровител на 100 Women in Hedge Funds. Во март 2011 година, Вилијам и Катерина отворија фонд од страна на Фондацијата на принцот Вилијам и принцот Хари за да им овозможи на добронамерниците коишто сакаат да им дадаат свадбен подарок на нив да донираат пари за добротворни цели. Фондот за подарок поддржува 26 добротворни организации од изборот на двојката, инкорпорирање на вооружените сили, деца, стари лица, уметност, спорт и конзервација. Овие причини се блиску до нивните срца и се одразуваат на искуства, страсти и вредностите на нивните животи досега.

Спортови[уреди | уреди извор]

Вилијам игра поло за добротворни цели и е обожавател на фудбалот, поддржувајќи го фудбалскиот клуб Астон Вила. Во мај 2006 година, тој стана претседател на фудбалската асоцијација во Англија и заменик покровител на рагби унијата во Велш во февруари 2007 година (поддржувајќи ја Кралицата како покровител на ВРУ). Истата година, одлуката на ВРУ да именува нова лига за тест натпреварот помеѓу Велс и Јужна Африка, лигата на Принцот Вилијам предизвика контроверзии, со некои верувања дека би било поубаво името на трофејот да биде наречен по Реј Гравел.

Во 2006 година, Принцот, заедно со други службеници од Сандхурст, учествуваа во трчањето на една милја за поддршка на добротворната организација Sport Relief, како што тој сторил во 2004 година со тим од Кларенс куќата. Во мај 2007 година, Вилијам стана покровител на пливачката асоцијација во англиските училишта. Принцот и неговиот брат се и мотоциклисти, принцот е сопственик на Ducati 1198 S Corse.

Врската со Кетрин Миделтон[уреди | уреди извор]

Принцот Вилијам за време на неговите студенстски години уживаше во студентскиот живот, за себе тој изјави: “ Јас не сум луд по забавите, без оглед на тоа што другите луѓе мислат.” Како и неговиот татко пред него, така и приватниот живот на Вилијам стана топ тема во таблоидите, посебно неговата врска со Кетрин Миделтон (денес принцезата Катерина), која што беше една од цимерките во универзитетот на Вилијам и со која што Вилијам започна да се забавува во 2003 година. Кејт присуствуваше на парадата во Сандхерст, забележувајќи го како голем настан што таа беше гостинка на Вилијам. Врската помеѓу Принцот Вилијам и Кејт беше следена толку блиску што букмејкерите се обложија на можноста за кралска венчавка и малопродажниот синџир Woolworths произведуваше сувенири со ознаки за сличностите на парот. Вниманието од медиумите стана толку напнато што Вилијам мораше посебно да побара од папараците да се оддалечат од Миделтон и него. Во март 2007 година, Миделтон се пожали од медиумско малтретирање од Дејли Мирор. Во април 2007 година беше објавено дека двојката се разделила, но во јуни Миделтон присуствуваше како гостин на Принцот Вилијам на забавата во воените бараки Лулворт, и во јули и на концертот за Дијана којшто беше организиран од Вилијам и Хари. Во август, таа отиде на одмор со Вилијам на островот Дес Рочес во Сеучхелс, и во октомври таа се придружи на Принцот Чарлс и Принцот Хари во забавата со пукање во Балморал. Во јуни 2008 година, заедно со кралското семејство, Миделтон присуствуваше на назначувањето на Вилијам. Вилијам формално ја претстави Миделтон во јавниот свет на 24 февруари 2011 година кога таа и Вилијам присуствуваа на церемонијата наречена Спасување во Трердур, Северен Велс.

Свршувачка и венчавка[уреди | уреди извор]

На 16 ноември 2010 година беше објавено од куќата Кларенс дека Вилијам и Кејт ќе се венчаат. Свршувачкиот прстен на Миделтон беше 12 карати истиот свршувачки прстен на Дијана, Принцезата од Велс. Кларенс куќата, резиденцијата на Чарлс и неговите синови Вилијам и Хари, истиот ден изјави дека двојката се свршила во Кенија во октомври, како што Принцот Вилијам потврди во телевизиско интервју емитувано од Лондон.

Венчавката се одржа на 29 април во Вестминистерската опатија во Лондон. Тој ден беше празник и за банките во Обединетото Кралство. Вкупно глобална публика за венчавката од 300 милиони до 2 милијарди луѓе, 24.5 милиони го следеја настанот во живо во Обединетото Кралство. Неколку часа пред венчавката, беше објавено дека Вилијам е назначен за Војвода од Кембриџ, како што е вообичаено за кнезовите по повод нивните свадби. Сепак , таквата титула не е официјална сè до 26 мај 2011 година кога писмата за таа цел не се потпишани и евидентирани во Crown Office.

== Потомство --

Титули, звања, почести и оружје[уреди | уреди извор]

Титули и звања[уреди | уреди извор]

• 21 јуни 1982 – 29 април 2011: НКВ Принц Вилијам од Велс

• 29 април 2011 – 8 септември 2022: НКВ Принцот од Кембриџ

• Во Шкотска: 29 април 2011 – сегашност: НКВ Грофот од Стратхерн

  • 8 септември 2022 - НКВ Војводата од Корнвол и Кембриџ
  • 9 септември 2022 - НКВ Принцот од Велс

Титулата на принцот во целост е Неговото Кралско Височество Принцот Вилијам Артур Филип Луис, Принц од Велс, Војвода од Корнвол и Кембриџ, Гроф од Стратхерн, Барон од Карикфергус. Како британски принц, Вилијам не го користи презимето за секојдневни цели. За формални и церемонијални цели, децата на принцовите од Велс, како децата на Кралските војводи, ја користат титулата на принц или принцеза пред нивното христијанско име и потоа територијалната ознака на нивниот татко. Па принцот Вилијам е "Принцот Вилијам од Велс". Такви презимиња се отфрлени од страна на жените кога тие се оженуваат и од страна на мажите, како на пример кога на Принцот Вилијам му беше дадено неговото војводство. За машките внуци на Елизабета II, во моментов има некои несигурности во врска со правилната форма на семејното презиме кое што го користат, или дали постои презиме. Кралицата ги предупреди сите нејзини машки потомци кои не ја носат достоинството титулата на принц да го користат Маунтбатен-Виндзор како нивно семејно презиме. Како што е видено во телевизиските интервјуа (пред Принцот Вилијам да стане војвода од Кембриџ), принцовите Вилијам и Хари го користеа Велс како нивно презиме за воени цели. Утрото на неговата свадба, кралицата ги додели титулите Војвода од Корнвол и Кембриџ, Гроф од Стратхерн, Барон од Карикфергус на Вилијам. Вилијам успеа во 2010 година како петти претседател на Британската академија за филм и телевизија.

Воена позиција[уреди | уреди извор]

• јануари 2006 – 16 декември 2006: Офицер

• 16 декември 2006 – 16 декември 2006: Потпоручник во Сините и ројалистите

• 16 декември 2006 – 1 јануари 2009 : Поручник во Сините и ројалистите

• 1 јануари 2008 – 1 јануари 2009:Воздухопловен офицер во Кралското воздухопловство

• 1 јануари 2008 – 1 јануари 2009 : Под-потполковник во Кралската морнарица

• Од 1 јануари 2009: Поручник во Кралската морнарица

• Од 1 јануари 2009: Капетан на Сините и ројалистите

• Од 1 јануари 2009: Полковник за воздухопловство во Кралското воздухопловдство

Почести[уреди | уреди извор]

• Од 23 април 2008: Royal Knight Companion of the Most Noble Order of the Garter (KG)

• Од 6 јули 2009: Member of the Honourable Society of the Middle Temple

• Од 6 јули 2009: Bencher of the Honourable Society of the Middle Temple

• Од 23 јули 2010: Royal Fellow of the Royal Society (FRS)

• Од 25 мај 2012: Extra Knight of the Most Ancient and Most Noble Order of the Thistle (KT)

Принцот Вилијам, по неговото назначување во ред, стана 1000-та членка на регистарот на Редот на Подвеската, тоа официјално беше инвестирано од страна на Кралицата на 16 јуни 2008 година, во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор. Последниот пат кога монархот назначуваше внуче во Редот на Подвеската беше во 1894 година, кога Кралицата Викторија ги инвестираше принцот Алфред, наследениот принц од Сакс-Кобург и Гота.

Медали[уреди | уреди извор]

• 6 февруари 2002: Кралицата Елизабета II Златен Јубилеен Медал

• 6 февруари 2012: Кралицата Елизабета II дијамант Јубилеен Медал

Потекло[уреди | уреди извор]

Вилијам е машки потомок на Елимар I, Грофот од Олденбург, и како таков е член на Домот на Олденбург, една од најстарите кралски куќи во Европа, и поконкретно кадет филијала познат како дом на Глуксбург основан од неговиот татковски предок Фридрих Вилхелм, војводата од Шлезвиг-Холштајн-Сондербург -Глуксбург. Вилијам припаѓа на кралското семејство од Виндзор. Во неговата машка линија предци се вклучени пет крала-Кристијан I од Данска, Фредерик I од Данска, Кристијан III од Данска, Кристијан IX од Данска и Џорџ I од Грција и исто така 11 грофови од Олденбург, двајца војводи од Шлезвиг-Холштајн-Сондербург, пет војводи од Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Бек и еден војвода од Шлезвиг-Холштајн- Сондербург -Глуксбург.

Вилијам исто така е потомок на Вилијам Освојувачот, кој беше крунисан за прв Норман крал на Англија во 1066 година. Тој исто така потекнува од голем број на монарси на Шкотска и монарси на Англија, и многу значајни странски монарси, вклучувајќи ги, Петар I од Русија, Катерина II од Русија, Николај I од Русија, Алфонсо од Португалија, Ендрју II од Унгарија, Фердинанд II од Арагон и Изабела I од Кастиља. Од Домот на Стјуарт, од страна на неговата мајка, принцот Вилијам е потомок на Домот на Бурбон од линијата Анри IV од Франција и на Домот на Медичи од редот на Марија Медичи. Тој исто така е потомок на моќни италијански благородни семејства, како оној на Домот на Сфорза кој владеел како Војвода од Милано од линијата на легендарната Катерина Сфорза, грофицата од Форли, и преку неа на Домот на Висконти.