Вилијам Реилтон
Изглед
| Вилијам Реилтон | |
|---|---|
| Роден(а) | ~1801 |
| Починал(а) | 1877 |
| Националност | Англичанец |
| Зданија | Нелсонов столб |
Вилијам Реилтон (англ. William Railton), (~1801–1877) е англиски архитект. Конструирал разни велепоседнички домови, а во периодот помеѓу 1838 и 1848 г. работел како архитект кај Црковните комесари, но неговите дела не биле прифаќани.[1] Освоил четврта награда на конкурсот за Вестминстерската палата, но постигнал успех со тоа што го освоил првото место на конкурсот за ликовно решение на Нелсоновиот столб на плоштадот Трафалгар.[1] Конструирал разни цркви како Св. Павле во Вудхаус Ивс[2] и Света Троица во Минвуд, Лидс (1849).[3]
- Црквата Св. Павле во Вудхаус Ивс (1837)
- Нелсонов столб (1843)
- Боманор Хол, Лестершир (1847)[1]
- Црква Света Троица, Минвуд, Лидс (1849)
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Оксфордски речник на националната биографија, проверено на 9 јануари 2009 (англиски)
- ↑ Околиски совет на Чарнвуд Архивирано на 1 декември 2008 г. - Заштитени градби во Будхаус Ивс (1837) (англиски)
- ↑ Света Троица - Минвуд (англиски)