Вилијам Велс Браун
Изглед
| Вилијам Велс Браун | |
|---|---|
| Роден(а) | 1814 Лексингтон, Кентаки, САД |
| Починал(а) | 6 ноември 1884 Челси, Масачусетс, САД |
| Занимање | Писател, Историчар, аболиционист |
| Сопружник | (1) Елизабет „Бетси“ Шунер, 1835; (2) Ани Елизабет Греј, 1860 |
| Деца | Клариса Браун, Џозефин Браун, Хенрита Браун, Вилијам Велс Браун помладиот, Клотел Браун |
Вилијам Велс Браун (англиски: William Wells Brown 1814 - 6 ноември 1884 ) — американски писател и историчар.
Роден во ропство, Браун избегал и се образовал самостојно сместувајќи се во околината на Бостон. Ја напишал популарната автобиографија „Приказни од Вилијам В. Браун, избеган роб“ во 1847 година и предавал за аболиционизмот и за реформите. „Клотел“ (1853), бил неговиот единствен роман, во кој се прикажува врската помеѓу Томас Џеферсон и еден роб, претставува прв роман објавен од Афроамериканец. Неговата единствена драма „Бегство“ (1858), зборува за два роба кои тајно стапуваат во брак.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.
|