Вилијам Џејмс Адамс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Вилијам Џејмс Адамс Џуниор (роден 15 Март 1975 година), подобро познат по неговото сценско име will.i.am ("Јас ќе сум") и повремено под неговото второ сценско име Zuper Blahq е американски рапер, музичар , текстописец, пејач, актер и продуцент. will.i.am се истакна во доцните 90ти како член на хип хоп групата The Black Eyed Peas заедно со раперите apl.de.ap и Taboo и подоцна пејачката Fergie. Како музички продуцент има продуцирано со други артисти меѓу кои Мајкл Џексон , Eazy-E, Бритни Спирс, Ју ту, Ријана, Ашер. Џастин Тимберлејк, Earth, Wind & Fire, Ники Минај, Черил Хол, 2NE1, Daddy Yankee, и Juanes. Беше потврдено дека ке биде тренер на англиската верзија на The Voice покрај Џеси Ј, Danny O'Donoghue и Том Џонс.


Ран живот

Will.i.am е роден и израснат во Estrada Courts стамбени проекти на Boyle Heights, Источен Лос Анџелес, Калифорнија. Никогаш не се сретнал со својот татко Вилијам Адамс Сениор и пораснал само со неговата мајка , Дебра која го храбрела да биде посебен и да се приспособи со тенденциите на другите млади во соседството на Boyle Heights во источен Лос Анџелес. Таа го храбрела да почни да работи на неговата музичка кариера испраќајќи го во музичко училиште во Pacific Palisade. Додека учел во средно училиште станал најдобар пријател со Allan Lindo (познат како apl.de.ap) кој станал иден член на The Black Eyed Peas. Додека учеле двајцата настапувале по клубови во Источен Лос Анџелес каде набрзо се приклучуваат со тројца други забавувачи и формираат Социјално свесна рап група Atban Klann. На раперот Eazy-E му се допадна како звучат Atban Klann и потпишаа договор под негова етикета во неговата продукција Ruthless Records во 1991. will.i.am присуствувал на рејв забави додека учел средно и вели дека неговата историја со рејв култура затоа што одбрал повеќе електро звук за албумите на The Black Eyed Peas The E.N.D и The Beginning. И покрај употребата на елементи на електро и хаус музика тој сака да ги оддели од стандардниот поп со цел да ја одржи теоријата дека рејв музиката е за езотерици на рејв културата(лица познати како ravers): Во една статија во Лос Анџелес Тајмс споменува дека тајноста на местото на живеење на рејверите е она што ги прави посебни и различни од останатите.


Музичка кариера

1988-2000 Формирање и The Black Eyed Peas

Музичката кариера ја започна во летото 1988 година кога како осмоодделенец се запозна со раперот и колега Allan Pineda(apl.de.ap) и колегата студент Dante Santiago. Почнаа да настапуваат заедно низ Лос Анџелес и за кратко беа откриени од раперот и претприемач Eazy-Е со кој потпишаа договор во 1992 со Ruthless Records. Во тоа време Вил беше познат како "Will 1X". Првата песна на Atban Klann "Merry Muthafuckin' Xmas беше ставена на Eazy-E's EP 5150: Home 4 tha Sick. По ова триото почна да снима албум "Grass Roots" со помош на продуцентите Mookie Mook и DJ Motiv8, сепак албумот никогаш не беше пуштен во продажба поради смртта на Eazy-E во 1995 година. По трагичната смрт на Eazy Atban Klann го промени името во Black Eyed Pods и го замени Dante со Jaime Gomez попознат по неговото сценско име Taboo. Во 1997 уште еднаш го сменуваат името во The Black Eyed Peas и започнуваат со снимање на првиот албум "Behind the Front" со помош на соул пејачката Ким Хил. Потпишаа договор со Интерскоп Рекордс и го издадоа деби синглот "Joints & Jam" во 1998. Албумот беше доволно успешен за договорот на групата да се обнови и во 2000 да го издадат вториот албум "Bridging the Gap" 2000-2003: Lost Change,Elephunk &Must B 21 По објавувањето на Bridging The Gap, Вил започна да го снима својот прв соло сингл Lost Change кој беше официјален саундтрак на филмот со исто име. Имаше соработки со Медуса,Планет Асиа и Тери Декстер , албумот доживеа успех секаде каде што се појави. Во тоа време Ким Хил ја напушта групата и на нејзино место подоцна доаѓа Стејси Фергусон попозната како Ферги. Групата се проби со синглот "Where Is The Love"(во соработка со Џастин Тимберлејк иако тој не се појави во видеото) во ноември 2002. Тој и од синглот што следеше Shut Up Elephunk продаде 8,5 милиони копии низ целиот свет. Во ова време Вил го снима и вториот соло албум Must B 212003-2006: Monkey Business & The Duchess Во ноември 2003 година започна да работи на четвртиот албум насловен како Monkey Business втор албум со новиот член на групата Ферги. По успехот на Monkey Business кој го објавија во 2005 бендот објавува дека земаат пауза за да се фокусираат на сопствени проекти. Вил го продуцира првиот соло албум на Ферги The Duchess кој се објави во 2006 пред почетокот на соработката со Мајкл Џексон кој побарал експертиза од Вил за снимање и продукција на својот нов албум. Во 2006 започнаа со работа на албумот на Џексон и продолжија се до смртта на Џексон во 2009, кога Вил открива дека материјалот снимен дотогаш ке биде пуштен. Сепак ремиксот снимен за 25 годишнината на Џексоновиот Трилер беа објавени во 2008 година

2007-2009: Songs About Girls и Change Is Now Во 2007 година Вил објавува дека креирал женски соул бенд насловен Paradiso Girls со кои планира да работи на следниот соло проект.Албумот "Songs About Girls" беше издаден во 2007. Се издвоија три сингла "I Got It From My Mama", "One More Chance" и "Heartbreaker" помина за нијанса подобро од претходните соло обиди , сепак не упеаа да продадат повеќе од 75000 копии. Во Јануари 2008 објавува дека планира политички албум Change is Now: Renewing America's Promise како подршка за претседателската кампање на Барак Обама. Првиот сингл "Yes We Can оди со музички спот во режија на Џеси Дилан. Текстот се состои од извадоци на говорот на Обама од 8 јануари 2008 по Њу Хемпширските прелиминарни претседателски избори. Во видеото се појавуваат голем број познати личности како Скарлет Јохансон, Татјана Али, Џон Леџенд, Херби Хенкок, Кејт Волш, Карим Абдул-Jабар, Адам Родригез, Кели Ху, Хил Харпер, Aмбер Валета, Ерик Bалфор, Ајша Тајлер, Никол Шерцингер, Ник Канон, Брајан Гринберг и Common прв пат се појавија на веб сајтот за Dipdive. Ова видео достигна 3 милиони прегледи за една недела и над 4 милиони последователно на YouTube. На 13 јуни 2008 година "Yes We Can", освои награда на 35th Annual Creative Arts и Entertainment Daytime Emmy Awards for "New Approaches in Daytime Entertainment" . На 29ти Февруари 2008 година вториот сингл од албумот "We Are the Ones" се појави на Dipdive и YouTube. Видеото содржеше појавувања на Џесика Алба, Рајан Филип, Кери Вашингтон, првиот човек на поп бендот Yellowcard Рајан Ки, Џон Легуцијамо, Реџина Кинг, Турес Гибсон, Ерик Мабус, Тичина Арнолд, Адриан Палицки, комичарот Џорџ Лопез , пејачите Мејси Греј , Зое Кравиц и Taboo од The Black Eyed Peas и сите во видеото извикувајќи О-БА-МА "како и приказ на нивните надежи и желби за Барак Обама и неговата претседателска кампања. На 4 ноември 2008 година, will.i.am разговараше со е-Ен-Ен Андерсон Купер за неговата поддршка за Обама тогашниот сенатор со користење на технологија "холограмот" Ен-Ен. По изборите во 2008 и победата на Обама Вил ќе објави и трет сингл на албумот "It's a New Day". Видеото се одразува на историските настани кои доведоа до изборот на првиот Афроамериканец за претседател и реакцијата на јавноста за неговиот избор. Во видеото се појавуваат карактеристични личности како Ферги, Оливија Вајлд, Кание Вест, Харолд Перинеу. Кевин Бејкон и неговата сопруга Кира Седвик. Видеото за прв пат се појави во емисијата на Опра Винфри (The Oprah Winfrey Show) . Во чест на инаугурацијата на Барак Обама како претседател, will.i. am соработуваше со продуцентот Дејвид Фостер на четвртиот сингл на албумот "America's Song" во соработка со вокали како Боно, Мери Џ.Блајџ и Феит Хил. Како одговор на реакцијата на Барак Обама следејќи го прекинувањето на говорот на Тејлор Свифт од страна на Кание Вест на МTV видео наградите во 2009та, will.i.am ја напиша и петтата последна песна на албумот "The Jackass Song". Се одликува со дел на" Heartless" од Кание Вест. Вил напиша и блог со кој се објави песната на Dipdive во Февруари 2009. Вил присуствуваше и одржа говор на FIRST Robotics Competition Kickoff на 8 Јануари 2011 изјаснувајќи се Јас сум прв Фан. Тој исто така се напиша како FIRST Founder Dean Kamen " еден од неговите херои на неговиот официјален Twitter профил.


2009-2010 Враќањето на Black Eyed Peas

Во март 2009 година, Вил објави план за враќање на Black Eyed Peas , за неколку месеци нивниот хит “Boom boom pow” се искачи на првото место на Британската топ листа . Одеа на тоа да имаат три хита број еден на топ листите пред да го издадат нивниот албум по враќањето, албумот E.N.D. Гарантираниот успех на албомот го донесе и нивниот втор албум , The Beginnig, објавен во ноември 2010 година. Албумот предизвика три други синглови хитови, но наскоро бендот најави план за повторно растурање , по завршувањето на нивната светска турнеја.


2010 до денес : #willpower

За време на снимањето на шестиот студиски албум , The Beginning , Ферги во едно интервју изјави дека Вил е во процес на снимање на нов соло албум со привремен наслов “Black Einstein”. Вил официјално изјави дека е во тек на снимање на четврт соло албум , со одреден материјал кој ќе биде снимен под псевдонимот Zuper Blahk. Во јануари 2010 година , извадокот од албумот „I’m In the House“ во соработка со Стив Аоки , беше објавен како сингл кој се искачи на 29 место од Британската топ листа ,поради зголемените превземања. Во октомври 2010 година, вториот извадок од албумот „Check it out“ во соработка со американскиот рапер Ники Минај се искачи на четвртото место од Британската топ листа на синглови. Во февруари 2011 година , третиот извадок од албумот “Dance” во соработка со Наталија Килс го освои 62 место од Британската топ листа . Спотот беше режиран од Џејмс Сутон , вклучувајќи камеја од Наталија. Во април 2011 година Вил сними песни за музиката од анимираниот филм Рио , во кој што го имаше позајмено својот глас . “Hot wings (I wanna party)”, “Drop it low”, “Real in Rio ” и “Advice for the young at heart” вклучувајќи низа актери меѓу кои Џејм Фокс , Ан Хатавеј, и Teras for fears. Ниту една од песните не менаџираше на листите, како и да е Вил изјави дека ќе направи ремикс на песните за да ги додаде во Black Einstein. Во септември , четвртиот извадок од албумот “Forever”во соработка со Волфганг Гартнер беше издаден како сингл. Тоа беше во времето кога Вил изјави дека го променил името на албумот од Black Einstein во #willpower , спотот премиерно беше прикажан на 26 август 2011. Во ноември 2011, Вил го промовираше синглот што беше планирано да биде водечки сингл на албумот , T.H.E. (The Hardest Ever ) во соработка со Џенифер Лопез и Мик Џегер . Вил преку неговиот Twitter изјави дека спотот за синглот “T.H.E. (The Hardest Ever)” бил снимен во Лос Анџелес и пред да се врати дома, навратил во Бразил за да го сними спотот за вториот официјален сингл од албумот, “Great Times” . Во декември 2011 , петиот извадок од албумот “Party Like An Animal” во соработка со Дач , пејачката Ева Симонс и Редфу од ЛМФАО беше премиерно прикажан на HTC Beats Launch Party . #willpower ќе биде објавен на 14 февруари 2012 година.


Музички појавувања и соработки

Во 2002 Вил ја сними песната “Secrets” за музиката на филмот Dexter’s Laboratory : The Hip Hop Experiment , придружен филм на Cartoon Network сериите. Во 2008 година Вил со песната “One people” во Интернационалниот опстанок, зеде учество во албумот “Songs for survival”. Исто така во 2008 Вил се појави во деби албумот (Mail on Sunday) на раперот Фло Рида , во кој што тој се вклучи и ја продуцираше песната “In the Ayer” и се вклучи во шестиот албум на Ашер , Here I Stand. Во 2009 Вил работел со раперите Фло Рида и Акон на вториот студиски албум од Фло , R.O.O.T.S , и сними четири песни со членот Girls Aloud- Шерил Кол за нејзиниот деби соло албум 3 Words. Вил исто така работеше со Ријана на нејзиниот четврт студиски албум , Rated R , за песната Photographs. Во февруари 2010, тој се вклучи и го продуцираше синглот “OMG” од Ашер , која што се појави на неговиот седми студиски албум, Raymond vs Raymond. Во спотот на You Tube објавен од YGLifeOfficial на 15 март 2010, Вил го изрази неговото задоволство да работи со Корејската поп група девојки 2NE1, и им помогна да постигнат интернационален успех. Вил има снимено соработка со Бритни Спирс , “Big Fat Bass”, која што се најде на нејзиниот седми студиски албум, Femme Fatale.


Актерство

Вил прв пат почна да глуми заедно со другите членови од групата The Black Eyed Peace во комерцијалните серии “Instant Def ” за рекламирање на Сникерс. Тој играше во Madagascar: Escape 2 Africa како глас на ликот Мото Мото. Тој придонесе голем број на песни за анимираната слика на филмот во соработка со тешката индустрија Ханс Цимер. Вил го играше Џон Врајт во неговиот голем деби филм , X men Origins :Wolverine , преквел на X men серијалот. Исто така играше во CBS драмата Joan of Arcadia како Бог , еден од неколкуте актери кои ја играа оваа улога за време на серијата. Исто така во 2011 играше во анимираниот филм Рио , со рапување на red crasted Cardinal со име Педро, и како Madagascar: Escape to Africa , каде што го позајми својот пејачки глас за музичката тема на филмот, заедно со неговите колеги ко-ѕвезди. Вил играл и татко во The Urbz: Sims in the City , каде што беа употребени песни од The Black Eyed Peas за музиката . Кратко одигра во комедијата, Date Night на Тина Феј и Стив Карел.

Мода

Пред да им се придружи на The Black Eyed Peas , Вил се занимаваше во Модниот Институt за Дизајн и Трговија во Лос Анџелес. Во 2001 тој започна да дизајнира своја сопствена модна линија , i.am , која што го имаше нејзиниот прв официјален почеток во 2005 на The Magic Apparel Trade Show во Лас Вегас. Во 2007 Вил се здружи со Blue Holdings за дизајнирање на тексасна колекција , i.am Antik , која требаше да дебитира во август 2007 година на The Projcet Show во Лас Вегас .



Други активности

Вил се појавил на настанот , FIRST Robotics Competition 2011, Logo Motion кој се одржа на Southern New Hampshire University . Изјави дека е „голем фан “ и дека најновата откриена игра е „наркотик“ . За време на интервјуто рече дека „неговата мајка ќе работи со yo мајка “ . Исто така изведе концерт за ПРВПАТ на Првиот Светски Шампионат 2011 кај Едвард Џонс Дом. Вил на концертот се појави со The Black Eyes Peas како дел од специјален концерт за FIRST Robotics Competition 2011. Беше снимен за специјално емитување од ABC на 14 август 2011 година во 19 часот. Најголемиот светски чипер , Intel Corp , изјави дека Вил станал креативен директор, кој помага во музиката и развојот на уреди како што се телефоните, лаптопи и таблети. Како „директор на креативната иновација“ Вил е одговорен за зголемувањето на продажбата во фирмата . Соработката и ко-развојот со Вил и Интел на овие производи ќе се овозможи нова модерна музика која ќе формира трендови во технолошкиот свет. Вил изјави дека ќе има „нов начин за комуницирање, креирање, информирање и забавување“. Според Интел оваа врска ќе ја сочува технолошката и забавната индустрија заедно. Тоа е многу важно за привлекување на помладата популација.

Личен живот

Според едно интервју во Британскиот таблоид , The Sun , Вил изјави дека страда од тинитус, нарушување шtо е вообичаено кај музичарите кои се изложени на многу гласна музика подолг временски период.

Одмазда со Перез Хилтон

На 22 јуни 2009 , блогерот Перез Хилтон, го обвини Вил и неговата придружба за напад по завршувањето на MuchMusic Video Awards во Торонто, Вил го негираше обвинението во видео објавено на неговиот блог . Од неговиот профил Перез беше груб со Ферги и Вил му се спротистави :

Јас не те удрив. Ти кажав дека не ми се допаѓа фактот што не не почитуваш. Во ред е да имаш свое мислење, но пријателе , очигледно крвареше надвор од клубот, јас бев веднаш до тебе чекајќи ја колата наместо да викам полиција и ти разгласуваш дека сум те нападнал. Звучи како некој да сака внимание и не е навистина загрижен за неговото здравје. Не те удрив и многу е погрешно што разгласуваш дека сум го направил тоа , уште еднаш без да ме почитуваш мене и тоа зад кое стојам. Постојат лаги и е погрешно.Засрами се, засрами се на твоите навики. И тоа што само се плеткаш. Според најновите извештаи , членот AP преку MSNBC. Хилтон го нарече Вил „педерастичен“ во клубот , но Поло Молина (менаџерот на The Black Eyed Peas) е одговорен за удирањето на Хилтон од позади. Инцидентот беше фатен на слика од еден фотограф кој се нашол во близина и видео кое го документира судирот. Трач сајтот TMZ обајви видео што го покажува судирот. 36 годишниот Либорио Молина жител на Калифорнија , е обвинет околу една точка од нападот. По инцидентот Вил добил поддршка од други ѕвезди вклучувајќи ги Џош Дуамел, Џон Мајер, Кели Кларксон, ЛМФАО, Зак Ефрон, Брекин Мејер, и Џими Кимел.


Дискографија

Студиски албуми • Lost Change (2001) • Must B21 (2003) • Songs About Girls (2007) • #willpower (2012)

Филмографија

Филмови Година Наслов Улога Забелешки 2008 Madagascar: Escape 2Africa Мото Мото глас 2009 X-Men Origins : Wolverine Џон Врајт 2009 Arthur and the Revenege of Maltazard Снег глас 2010 Date Night Тој Камеја 2010 Bouncing Cats Тој 2011 Rio Педро глас

Тв Серии Година Наслов Улога Забелешки 2005 Joan of Arcadia Three Card Monte guy God Епизода : „Денот на независноста“ 2007 Cane Тој Епизода „Ново наследство“ 2011 The Cleveland Show Бернард Глас 2012 The Voice UK Тој Тренер и ментор

Видео Игри Година Наслов Улога Забелешка 2009 X-Men Origins : Wolverine Џон Врајт глас


Награди


Daytime Emmy Awards • 2008, New Approaches in Daytime Entertainment. “Ye we can” • 2011, Best Original Song “What I am”

Grammy Awards Вил има добиено 7 награди • 2005, Best Rap Performance by a Duo or Group : “Let’s Get It started”, The Black Eyed Peas • 2006, Best Rap Performance by a Duo or Group : “Don’t Phunk with my heart”, The Black Eyed Peas • 2007, Best Rap Performance by a Duo or Group with vocals: “My Humps”, The Black Eyed Peas • 2009, Best Urban/Alternative Performance :”Be OK” • 2010, Best Short Form Music Video : “Boom Boom Pow”, The Black Eyed Peas • 2010, Best Pop Vocal Album : “The E.N.D.”, The Black Eyed Peas • Best Rap Performance by a Duo or Group : “I Gotta Feeling”, The Black Eyed Peas

Latin Grammy Awards

• 2006, Best Brazilian Contemporary Pop Album : “Timeless”, Sergio Mendes (продуцент)

BMI Awards

• 2010, BMI presented the BMI President’s Award to will.i am in recognition of his work as an artist, producer, and humanitarian. The honor is bestowed on an individual who has distinctly and profoundly influences the entertainment industry.

Kids Choice Awards

2011- најпопиларен Бенд