Прејди на содржината

Виленица (пештера)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виленица
Уметнички приказ на пештерата, Фердинанд Рунк (1810)
Виленица is located in Slovenia
Виленица
Виленица
Виленица (Slovenia)
Координати45°40′28″N 13°54′42″E / 45.67444°N 13.91167°E / 45.67444; 13.91167[1]

Пештера Виленица или Пештера Виленица кај Локев — најстарата ревијална пештера во Европа. Првите туристи во пештерата биле забележани во 1633 година. Се наоѓа веднаш до селото Локев во општина Сежана на Карстното плато во југозападна Словенија.

Природна средина

[уреди | уреди извор]

Пештерата Виленица е повеќе од 1,300 метри во должина, таа е длабока 180 метри, но туристите смеат да влезат само во првите 450 метри на пештерата.

Историја

[уреди | уреди извор]

До средината на 19 век била позната како најголема, најубава и најчесто посетувана пештера на Класичниот Карст. Таа привлекува уметници како Фердинанд Ранк и Питер Фенди, кој бил награден со златен медал во 1821 година за неговото сликарство во масло на пештерата. Подоцна ја надминала Постојна пештера.

Од 1986 година, годишниот Меѓународен литературен фестивал Виленица се одржува во пештерата и во градовите и селата на Карст и на други места. Настанот најчесто се случува на почетокот на септември. Централниот дел на фестивалот е доделувањето на наградата за литература Виленица од Друштвото на словенечките писатели. Наградата се доделува во салата Плесна во пештерата за автор од Средна Европа за неговите или нејзините достигнувања во литературното и есеистичкото пишување.

  1. Jama VILENICA cave(s) Wikimapia