Вилеброрд Снел
Изглед
| Вилеброрд Снел | |
|---|---|
Вилеброрд Снел (1580-1626) | |
| Роден(а) | 13 јуни 1580 Лајден, Холандска Република |
| Починал(а) | 30 октомври 1626 (возр. 46) Лајден, Холандска Република |
| Националност | Холанѓанец |
| Полиња | астрономија и математика |
| Установи | Лајденски Универзитет |
| Ментори | Лудолф ван Сојлен Рудолф Снелиус |
| Значајни студенти | Голиус Јакобус |
| Познат по | Снелиусов закон |
Вилеброрд Снел (холандски: Willebrord Snel van Royen; 1580 - 30 октомври 1626 ) — холандски математичар и астроном.
Снел студирал право на универзитетот во својот роден град Лајден, Холандија, за потоа да премине на студии по математика. Од 1600 година патувал низ Европа и запознал големи научници, меѓу кои Кеплер и Брахе. Во 1608 година се вратил во Лајден и се оженил со Марија де Ланге. Неговиот прв значаен труд „Eratosthenes batavus“ ги претставува темелите на современата геодезија (метод на мерење на Земјата). Исто така, тој објавил студии од астрономија и навигација, но бил запаметен по законот за прекршувањето на светлината.
- Cyclometricus, 1621
Извор
[уреди | уреди извор]- Дејвис, Адам Харт, уред. (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8. (библ.)
| Оваа статија за личност од Холандија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|