Прејди на содржината

Вилдпретова змијоглавка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилдпретова змијоглавка
Echium wildpretii on Tenerife
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Лисичинковидни
Семејство: Лисичинки
Род: Змијоглавка
Вид: Вилдпретова змијоглавка
Научен назив
Echium wildpretii
H.Pearson ex Hook.f.
Цветови на Вилдпретовата волчја опашка

Вилдпретова змијоглавка (науч. Echium wildpretii) — двегодишно растение кое достигнува до 3 м во височина. Видот е ендемски на островот Тенерифе, и вирее главно во клисурите на планината Теиде. Растението се нарекува и кула од драги камења, црвена змијоглавка, тенерифска змијоглавка или теидска змијоглавка.[1] На шпански растението се нарекува „тахинасте“ (tajinaste).

Распространетост

[уреди | уреди извор]

Растението може да се најде во субалпскиот појас, во клисурите на планината Теиде. Бара многу сонце и вирее во суви и пусти предели, но трпи мраз сè до температура од -15 °C.

Ова двегодишно растение во првата година дава густа розета од листови, а во втората исправено соцветие со височина од 1-3 м.

Растението на Тенерифе цути од доцна пролет до раниот период од летото.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Растението се одгледува во градините за украс, но не трпи ниски температури. Како и другите волчји опашки, ова растение е ценето во пчеларството бидејќи дава многу нектар и полен.

  1. ↑ Bramwell, D и Bramwell, Z (2001) Wild flowers of the Canary Islands. Второ издание. Editorial Rueda SL, Madrid, Spain ISBN 84-7207-129-4.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Вилдпретова змијоглавка на Ризницата ?
  • „Вилдпретова змијоглавка“. — Енциклопедија на живиот свет.
  • Информации за Вилдпретовата змијоглавка и форум на одгледувачи (англиски)