Вилдпретова волчја опашка
| Вилдпретова волчја опашка | |
|---|---|
| Вилдпретова волчја опашка на островот Тенерифе | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Нерангирано: | Скриеносемени |
| Нерангирано: | Евдикоти |
| Нерангирано: | Астериди |
| Ред: | (неназначено) |
| Семејство: | Лисичинки |
| Род: | Волчја опашка |
| Вид: | Вилдпретова волчја опашка |
| Научен назив | |
| Echium wildpretii H.Pearson ex Hook.f. | |

Вилдпретова волчја опашка (науч. Echium wildpretii) — двегодишно растение кое достигнува до 3 м во височина. Видот е ендемски на островот Тенерифе, и вирее главно во клисурите на планината Теиде. Растението се нарекува и кула од драги камења, црвена волчја опашка, тенерифска волчја опашка или теидска волчја опашка.[1] На шпански растението се нарекува „тахинасте“ (tajinaste).
Распространетост
[уреди | уреди извор]Растението може да се најде во субалпскиот појас, во клисурите на планината Теиде. Бара многу сонце и вирее во суви и пусти предели, но трпи мраз сè до температура од -15 °C.
Опис
[уреди | уреди извор]Ова двегодишно растение во првата година дава густа розета од листови, а во втората исправено соцветие со височина од 1-3 м.
Процут
[уреди | уреди извор]Растението на Тенерифе цути од доцна пролет до раниот период од летото.
Употреба
[уреди | уреди извор]Растението се одгледува во градините за украс, но не трпи ниски температури. Како и другите волчји опашки, ова растение е ценето во пчеларството бидејќи дава многу нектар и полен.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Обична волчја опашка — видот што вирее во Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bramwell, D и Bramwell, Z (2001) Wild flowers of the Canary Islands. Второ издание. Editorial Rueda SL, Madrid, Spain ISBN 84-7207-129-4.