Вила Тина (Гевгелија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вила Тина
Поглед на вилата (2021 г.)
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
АдресаМаршал Тито бр. 13
ГрадГевгелија
Земја Македонија
Завршена1924
Технички податоци
Катови2
Проектирање и изградба
АрхитектБорис Дутов

Вила Тина — стара станбена зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Вилата се наоѓа на главната улица на Гевгелија близу железничката станица.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Објектот е подигнат помеѓу Првата и Втората светска војна, најверојатно во 1924 година. Проектот бил на архитектот Борис Дутов од Белград, кој бил автор на повеќе објекти во Скопје од тој период.[1]

Објектот е во приватна сопственост.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Вилата се разликува од она што како негово дело е изведено во Скопје. Овој тип на градба е со сутеренско приземје и кат.

Објектот бил предвиден како градска вила со дворна површина во предниот дел. Челната фасада е решена на тој начин што особено е нагласен катот, со оглед на тоа што приземјето е сутеренско, на кој од десната страна има пространа тераса до која водат ѕидани скали.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Туризам“. bansko-gevgelija.airbansko.org. Посетено на 2022-02-22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]