Виктор Цоj
Виктор Цој | |
---|---|
Виктор Цой | |
![]() Цој во 1986 | |
Роден(а) | Виктор Робертович Цој 21 јуни 1962 ![]() |
Починал(а) | 15 август 1990![]() | (возр. 28)
Причина за смрт | сообраќајна несреќа |
Почивалиште | ![]() |
Занимање |
|
Активен период | 1978–1990 |
Деца | Александар Цој |
Потпис |
Виктор Робертович Цој (21 јуни 1962 – 15 август 1990) бил советски рок музичар, актер и фронтмен на Кино, еден од најпопуларните и највлијателните бендови во историјата на руската музика. Славен е по своето комбинирањето на своите стихови со животни филозофии и желба за послободен, поубав СССР и свет.
Роден и израснат во некогашен Ленинград, Цој почнал со пишување песни како тинејџер. Во текот на својата кариера, Цој придонел еден куп музички и уметнички дела, вклучувајќи и десет албуми. Откако Кино се појавиле и настапиле во советскиот филм Аса од 1987 година, популарноста на бендот се зголемила, предизвикувајќи период крстен „Киноманија“ и довел до водечката улога на Цој во казахстанскиот нов вејв арт филм „Игла“ од 1988 година. Во 1990 година, по нивниот угледен концерт на стадионот Лужники, Цој накратко се преселил во Латвија со колега од бендот Јуриј Каспаријан за да работат на следниот албум.[1][2][3]
Два месеца по концертот, Виктор Цој загинал во сообраќајна несреќа во Тукмус, не многу далеку од Рига. Тој е сметан за еден од најважните пионери на рок музиката во Русија и е заслужен за популаризација на жанрот низ Советскиот Сојуз, а дури и ден денес години после неговата смрт поседува посветени следбеници низ целиот поранешен Советски Сојуз.
Биографија
[уреди | уреди извор]
Виктор Робертович Цоj е роден на 21 јуни 1962 година во Ленинград. Тој бил единственото дете на Валентина Васиљевна Цој (моминско име: Гусева), руска учителка и Роберт Максимович Цој, советско-корејски инженер од Кизил-Орда, Казахстан, каде што неговите родители Корејци биле прогонети по Сталиновата депортација на Корејците во Советскиот Сојуз во 1937 година. Корејското потекло на семејството може да се проследи до Сонџин, Хамгјонг, Кореја (денешен Кимчаек, Северна Кореја), каде што прадедото на Виктор, Чои Јонг-нам е роден во 1893 година.
Цој пораснал во близина на Паркот на победата, во т.н. Московскиот реон на Санкт Петербург. Семејството живеело во значајната „куќа на генералот“ на аголот на авенијата Московски и улицата Басејаја (зградата сега е архитектонски споменик).
Од 1974 до 1977 година, Цој бил ученик во средно уметничко училиште, каде што бил член на бендот Палата бр. 6 (руски: Палата № 6}}, превод: „Оддел бр. 6“). Од 1977 година го посетувал Уметничкото училиште во Серов, сѐ до 1979 година кога бил избркан поради слабо поведение. Потоа, учел во СГПТУ-61, средно градско стручно училиште, каде учел за да стане дрворезец.[4] Во младоста, бил обожавател на Михаил Бојарски и Владимир Висоцки, а подоцна и Брус Ли, по кој почна да го моделира својот имиџ. Бил и љубител на боречки вештини и често се „тепал на кинески“ со колегата од бендот Јуриј Каспаријан.
Кариера
[уреди | уреди извор]Пред „Кино“
[уреди | уреди извор]Цој почнал да пишува песни кога имал 17 години. Песните претежно обработувале теми како уличниот живот во Ленинград, љубовта и дружењето со пријателите, луѓето со ограничени можности кои се обидуваат да преживеат во својот свет итн. Во тоа време, рокот ја претставувал музиката на андерграунд, а главно се слушала во Ленинград. Во Москва, на сцената во голема мера доминирал попот, кој го окупирал најголемиот дел од медиумскиот простор и топ листите. Исто така, за разлика од рок музиката, поп музиката била фаворизирана и од владата и од јавноста. На рок музичарите им било тешко да најдат покровители и генерално биле означени како наркомани и безделници. Рок клубот во Ленинград бил еден од ретките местакаде на рок музичари им било дозволено да настапуваат.
На овие места, првиот т.н. Куќен концерт на Виктор Цој (вид на концерт карактеристичен за поранешниот Советски Сојуз). Откако стекнале одредена слава, Виктор Цој и Алексеј Рибин, како дел од групата „Автоматски задоволувачи“, отпатувале во Москва на куќен концерт во станот на Артеми Троицки. На еден од овие концерти, Цој бил забележан од Борис Гребеншчиков, долгогодишен искусен рок-музичар во тоа време. Тој му понудил сесрдна помош, не само од себе, туку и од Андреј Тропил, музички продуцент, Сергеј Куриохин, познат музичар и други.
Првиот албум
[уреди | уреди извор]
Во 1981 година, Виктор Цој, Алексеј Рибин и Олег Валински ја основале групата „Гарин и хиперболоидите“,[5] која била прифатена во Ленинградскиот рок клуб во есента истата година. Наскоро, сепак, Валински бил регрутиран во војска, а групата, откако го променила името во „Кино“, почнала да го снима својот прв албум. Албумот бил снимен, под раководство на Борис Гребеншчиков, во студиото на Тропил, во младинскиот центар Техника, а во снимањето учествувале сите членови на групата „Аквариум“. Наскоро Кино го имале првиот јавен настап во таа постава, на фестивал на рок клуб, а додека ја свиреле песната „Си бил некогаш битник“, Гребеншчиков, Науменко и Андреј Панов скокнале на сцената со гитари од зад сцената, придружувајќи се на свирката. До 1982 година, албумот бил завршен, а снимениот материјал бил долг 45 минути; Затоа и го дале името „45“. Сепак, песната „Јас сум асфалт“ подоцна била отстранета од финалната верзија на албумот и може да се најде само на предиздавањето на албумот како бонус песна. Записот се здобил со популарност во Советскиот Сојуз, а првите концерти започнале во Москва и Санкт Петербург. Во есента 1982 година, заедно со тапанарот на групата „Зоопарк“, Кино снимиле неколку песни во студиото на Кусков, од кои најпознати се „Весна“ и „Последниот херој“. Овој албум, подоцна бил отстранет од продажба по желба на Цој и не се здобил со поголема слава.
Политичко влијание
[уреди | уреди извор]Со појавувањето на Горбачов на руската политичка сцена и неговите економско-политички реформи, имале поголема отвореност кон критиката на општеството од страна руската музичка и филмска сцена како и во медиумите, во кои Цој и неговата група Кино да учествувале сѐ позначително. Песната „Промени!“ била снимена и била прифатена од јавноста како отворен повик за промени во општеството. Во интервјуто објавено дури по неговата смрт, Цој објаснил дека неговите песни често биле погрешно разбрани, коментирајќи дека таков бил случајот и со таа песна. Со објавувањето на нивниот седми албум во 1987, насловен „Крвна група“, групата означила фаза која подоцна ќе се нарече „киноманија“.

Отворената политичка клима што следела во тоа време му овозможила на Цој да го издаде овој албум, кој се смета за негов најполитички набиен. Повеќето од песните на албумот биле насочени кон младината на Советскиот Сојуз, со јасни пораки да се преземе контролата и да се иницира промена во државата и општеството. Звукот на овој албум и стиховите на песните го направиле Кино најпопуларниот рок бенд во Русија. Следеле уште неколку политички наполнети албуми, што дополнително ја зголемиле популарноста на групата. Не добивајќи никаква државна помош за објавување на неговите албуми, Цој поминал низ „Самиздат“, дозволувајќи албумите да се дистрибуираат бесплатно. Ова предизвикало уште поголема популарност, бидејќи се создала атмосфера во која луѓето виделе дека Цој не создава само за пари. Врвот на славата на бендот дошла во 1990 година на концертот на стадионот Лужники во Москва, на кој присуствувале околу 62.000 фанови и други посетители.
Смрт
[уреди | уреди извор]
На 15 август 1990 година, во 12:28ч, Цој загинал во сообраќајна несреќа во Тукумс, гратче недалеку од латвиската престолнина Рига. Тргнал по риболов, на кој сакал да го води и својот син, но среќа тој барем не трнал. Според официјалата верзија, Цој заспал зад воланот, по што неговиот тегет „Москвич 2141“ излетал од патот и по околу 250м удрил во столб од мост преку реката Тејтоп, а потоа од сурдирот излетал на спротивната лента каде посвторно се судрил и со автобусот „Икарус-250“. Автомобилот бил уништен до степен што последната гума што недостасувала никогаш не е пронајдена.
Смртта на Виктор Цој била толку шок за љубителите, што некои дури извршиле самоубиства. На 17 август, „Комсомолкаја правда“, еден од главните весници во СССР, го рекол следното:
„Цој ѝ значи многу повеќе на нашата младина од било кој политичар, славна личност или писател. Ова е бидејќи Цој никогаш не лажел ниту пак можел да биде поткупен. Тој секогаш бил и секогаш ќе биде свој. Невозможно е да не му се верува... Цој е единствениот рокер кој не се разликувал од својот имиџ, каков бил во својата музика, така и во реалноста... Цој е последниот херој на рокот“.
На 19 август бил погребан во Богословските гробишта во Ленинград. Илјадници луѓе присуствувале на погребот.
Каспаријан заминал за Ленинград пред несреќата, со касета која ги содржела вокалите на Цој за наредниот албум. Преостанатите членови на Кино го довршиле и објавиле албумот „Црн Албум“ во Декември таа година. Подоцна станал еден од нивните најпознати албуми.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Spies house rock“. 14. 2. 2015. Посетено на 15. 2. 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Cabaret band silver wedding Bellorussia“. 14. 2. 2015. Архивирано од изворникот на 02. 12. 2017. Посетено на 15. 2. 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=, |archive-date=
(help) - ↑ „Retour en urss gloire du soviet rock et de Viktor Tsoi“. 14. 2. 2015. Посетено на 15. 2. 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Кратка биографија (руски)
- ↑ Извод из књиге „-{R|Рок-музыка в СССР: опыт популярной энциклопедии}-“ на сајту обожавалаца музике Виктора Цоја [1]