Виктор Пасков
| Виктор Пасков | ||
| Роден | Виктор Маринов Пасков 10 септември 1949 Софија, НР Бугарија | |
|---|---|---|
| Починал | 16 април 2009 (возр. 59) Берн, Швајцарија | |
| Националност | Бугарин | |
| Народност | Бугарин | |
| Занимање | Композитор, писател, музичар, музиколог, сценарист | |
| Образование | Колеџ за музика и театар „Феликс Менделсон“ | |
| Награди | Хеликон (2005) | |
Виктор Маринов Пасков (10 септември 1949 – 16 април 2009) ― бугарски писател, музичар, музиколог и сценарист.
Животопис
[уреди | уреди извор]Пасков е роден во главниот град Софија, а средно училиште завршил во градот. Дипломирал на денешниот Колеџ за музика и театар „Феликс Менделсон“ во Лајпциг, Германска Демократска Република во 1976 година и бил дел од неколку џез бендови. Виктор Пасков бил во Германија како композитор, оперски пејач и критичар до 1980 година, кога станал книжевен и музички уредник во издавачката куќа „Софија прес“, на функцијата што ја извршувал до 1987 година. Во 1987 година, Пасков се приклучил на Филмското студио Бојана како уредник и сценарист.[1][2]
Годините од 1990 до 1992 година Пасков ги поминал во Париз, Франција. Работел и како директор на Бугарскиот културен центар во Берлин од 2002 до 2004 година. Пасков починал од рак на белите дробови во Берн, Швајцарија, на 59-годишна возраст. Погребан бил на Централните софиски гробишта.[3]
Раните песни на Пасков биле објавени во списанието Родна реч во 1964 година. Неговата прва книга Малолетнички убиства (бугарски: Неврални убиства) била објавена во 1986 година. Виктор Пасков има напишано и пет други книги и четири сценарија.[4]
Неговата втора и веројатно најпозната книга, Балада за Георг Хених, објавена во 1987 година, ја освоила наградата за странска книжевност на изложбата на книги во Бордо. Во новелата сместена во Софија од 1950-тите, квазисаможивотописниот лик Виктор ја раскажува приказната за еден постар чешки емигрант, мајсторот лутиер Георг Хених. Осиромашен и осамен, отфрлен од неговите поранешни чираци, но прифатен од семејството на Виктор, вештиот изработувач на виолини му ги пренесува на младиот Виктор вредностите на уметноста, верата и љубовта, доблести кои сериозно недостасуваат во финансиски и културно сиромашното соседство Софија во раните години на комунизмот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Каролеева, Теодора (17 април 2009). „Почина Виктор Пасков“ (бугарски). Дневник. Посетено на 26 февруари 2022.
- ↑ „Prominent Bulgaria Writer Victor Paskov Dies at 59“. Sofia News Agency. 17 април 2009. Посетено на 26 февруари 2022.
- ↑ Петрова, Весела (23 април 2009). „Последно сбогом за Виктор Пасков“ (бугарски). Българска национална телевизия. Посетено на 26 февруари 2022.
- ↑ „За Виктор Пасков“ (бугарски). Слово. Посетено на 26 февруари 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Виктор Пасков на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Погребани на Централните софиски гробишта
- Починати во 2009 година
- Родени во 1949 година
- Музичари од Софија
- Филмски работници од Софија
- Сценаристи од 20 век
- Џез-музичари
- Музиколози од 20 век
- Бугарски романописци од 20 век
- Бугарски поети од 20 век
- Бугарски машки поети
- Машки романописци
- Бугарски машки пејачи од 20 век
- Бугарски машки оперски пејачи од 20 век
- Бугарски џез музичари
- Бугарски композитори
- Писатели од Софија
- Починати од рак на белите дробови
- Починати од рак во Швајцарија
- Бугарски иселеници во Германија
- Машки сценаристи
- Бугарски сценаристи
- Бугарски музиколози