Виктор Коваленко (фудбалер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Украина Виктор Коваленко
Viktor Kovalenko 132316.jpg
Лични податоци
Роден на 14 февруари 1996 (1996-02-14) (23 г.)
Роден во Херсон, Украина
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Шахтар Донецк Шахтар Донецк
Број 74
Младинска кариера
Шахтар Донецк Шахтар Донецк
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015– Шахтар Донецк Шахтар Донецк 64 (8)
Репрезентација
2011-2012 Украина Украина 16 13 (4)
2010-2013 Украина Украина 17 20 (11)
2013-2015 Украина Украина 19 20 (5)
2015 Украина Украина 20 5 (5)
2015- Украина Украина 20 8 (4)
2016-  Украина 16 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Виктор Викторович Коваленко (украински: Віктор Вікторович Коваленко; роден на 14 февруари 1996 година во Херсон) е украински фудбалер, играч од средниот ред на Шахтар Донецк и на украинската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Коваленко е производ на младинскиот систем на Шахтар Донецк.[1] Тој го направил своето деби во Украинската Премиер лига за Шахтар во натпреварот против Ворскла Полтава на 28 февруари 2015 година.[2] На 9 мај 2015 година, тој забележал две асистенции за петтиот и шестиот гол на Шахтар во победата со 7-3 над Говерла Ужгород.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Коваленко бил повикан во украинската репрезентација под 20 години да игра на Светското првенство под 20 години 2015 во Нов Зеланд. Тој постигнал два гола во победата со 6-0 над Мјанмар[3] и додал хет-трик против САД во победата со 3-0 во Окленд, квалификувајќи ја својата репрезентација во осминафиналето.[4] Тој бил најдобар стрелец на турнирот со 5 постигнати гола.

Во јуни 2016 Коваленко се нашол на списокот со репрезентативци на селекторот на сениорската репрезентација Михајло Фоменко за Европското првенство 2016 во Франција. Тој ги одиграл сите три натпревари на Украина во групата Ц, но неговата репрезентација го завршила настапот уште во групната фаза доживувајќи три порази.

Титули[уреди | уреди извор]

Украина Шахтар Донецк[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „uk:Віктор Коваленко“ (Ukrainian). Shakhtar's Academy Site. 2015-03-01. 
  2. „uk:Чемпіонат Прем'єр-ліги. 15 тур. Матч № 102 28.02.2015“ (Ukrainian). UPL Official Web Site. 2015-03-01. 
  3. Ukraine hit Myanmar for six“, FIFA, 2 јуни 2015 (посет. 15 јуни 2015 г).
  4. Kovalenko treble puts Ukraine on top“, FIFA, 5 јуни 2015 (посет. 15 јуни 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]