Виктор Виноградов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Виктор Владимирович Виноградов (12.01.1895 – 04.10.1969, Москва) е руски јазичар и филолог кој претседавал со Советот за лингвистика по Втората светска војна.

Учители на Виноградов во Институтот за историја и филологија биле Лев Шерба и Алексиј Шахматов, но идеите на Чарлс Бели имале најголемо влијание врз него.

Тој станал познат како научник на руската литература, испитувајќи го стилот и јазикот на руските класични писатели, вклучувајќи го Александар Пушкин, Николај Гогољ, Михаил Лермонтов и Ана Ахматова. Во 1926 година тој се ожени со Надежда Малишева (1897-1990), професорка по пеење.

Од јазичаричка гледна точка, Виноградов се смета како добар критичар на руските формалисти, од кои со многумина бил пријател. По преселувањето од Ленинград во Москва во 1929 година, тој бил вмешан во ,,славистичкиот заговор“ и протеран во Вијатка во 1934 година. Две години подоцна му било дозволено да се приближи некако до главниот град, во Можаск, но бил прогонет во Сибир по инвазијата на Хитлер на Русија во 1941 година.

Откако Сталин слушнал за дејствувањето на Јазичаричкиот сојуз на чело со Николас Мар и неговите следбеници, Виноградов бил назначен како директор на Институтот за лингвистика во 1950 година. Подоцна бил избран во Советската академија на науките, а се здобил и со Сталиновата награда. Овој ненадеен пресврт на судбината ги радувал властите, што било докажано со неговото учество на познатото судење на Синиавски и Даниел. Зголемувањето на моќта на Виноградов ги ставило неговите следбеници (Сергеј Ожегов и Наталија Шведова) во познатото академско школо на Лингвстичкиот совет. Институтот за руски јазик се уште го носи неговото име.