Викторија Рангелова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Викторија Рангелова на фестивалот „Денови на комедија“

Викторија Рангелова — македонска писателка на драми.

Творештво[уреди | уреди извор]

Викторија Рангелова е автор на неколку драми кои биле поставени на театарската сцена, како: "Слипери пипл", "Фотографии", "Такси 49", "Место каде сум", како и драмите за деца "Мала магична приказна" и "Дедо Мраз во розово".[1]

Есента 2013 година, драмскиот текст на Рангелова под наслов „Разголени“ бил поставен на сцената на Местно гледалишче љубљанско, во режија на Ален Јелен. Претставата била поставена во копродукција со Шкуц гледалишче, а била финансирана од Министерството за култура на Словенија. Во исто време, таа била ангажирана како драматург на претставата "1984" (адаптација на истоимениот роман на Џорџ Орвел), поставена на сцената на Струмичкиот театар, а во режија на Дејана Николовска. Рангелова е автор и на сценариото за краткиот анимиран филм „Облици“, што во 2004 година добил специјална награда на жирито на фестивалот „Балкан блек бокс“ во Берлин.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Сребра Ѓорѓијевска, „Да им се даде шанса и на тие што немаат театарска лоза“, Дневник, год. XVII, бр. 5316, петок, 15 ноември 2013, стр. 22.