Викторија Гаго
Викторија Гаго | ||
Роден | 4 август 1951 Струга , ![]() | |
---|---|---|
Занимање | писателка и судија |
Викторија Гаго (вистинско име Климентина Голабоска - Савевска; родена во Струга, 4 август 1951) — македонска писателка.
Животопис[уреди | уреди извор]
Гаго е родена како Климентина Голабоска на 4 август 1951 година во Струга. Пишува под името на својата баба по татко. Дипломирала право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршувањето на студиите се вработила во Основниот суд во Струга и работи како судија од 1986 година[1]. Првиот нејзин роман бил „Сатурн се враќа“, која го објавила летото 2001. Вториот нејзин роман „Допир до вистината“[2] е објавен во 2003 година. Со првите два романа конкурирала за наградата за роман на годината за 2001 и 2003 година што ја доделувала весникот „Утрински весник“.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Судии“. Основен суд Струга. Посетено на 2012-04-09.
- ↑ Стојановска, Маја. „Допир до вистината - Викторија Гаго“. Сакам книги. Посетено на 2012-04-09.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјално мрежно место Архивирано на 4 март 2016 г.