Викториини водопади (мост)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мост на Викториините водопади
Victoria Falls Bridge over Zambesi.jpg
НосиВозови, возила, пешаци
МинуваЗамбези
МестоЗимбабве, Замбија
Официјален називVictoria Falls Bridge
Особености
Видлак
Вк. должина156,50 m
Висина128 m
Историја
Отворен1905

Мостот на Викториините водопади се наоѓа на Викториините водопади и ја пемостува реката Замбези и ги поврзува Зимбабве и Замбија. Мостот е конструиран од страната на Сер Ралф Фриман (Ralph Freeman), кој покасно го проектирал и Сиднејскиот заливски мост во Австралија како и Бирченог мостот во Зимбабве.

Изградбата на мостот траела само 14 месеци и завршена е во 1905 година. Идејата за мостот потекнала од Сесил Роудс кој сакал "водената магличка од водопадите да прска по вагоните" (spray of the falls over the train carriages) иако тој никогаш не ги посетил водопадите, а умрел пред почотокот на изградбата на мостот.

Мостот е изграден од челикк со должинина на лакот од 156,50 метри и висина од 128 метри над дното од кањонот. Преку мостот се одвива железнички, патен и пешачки сообраќај. Од мостот се изведуваат "Банџи скокови" (bungee jump) од 111 метри.


Погледни[уреди | уреди извор]

Слики и факти (http://www.asce.org/history/brdg_victoria.html)

Поглед на мостот од воздухот -зелениот објект на средината е местото од каде се вршат скоковите