Викос (кањон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кањон Викос
Φαρράγγι του Βίκου
Поглед на клисурата Викос од Белои
Земја Грција
Регион Епир
Округ Јанина
Општина Загорија
Должина 20 км
Ширина до 0,4 км
Длабочина 450 до 1.600 м

Викос (грчки: Φαράγγι του Βίκου) – кањон во Пинд, во областа Епир. Се наоѓа на јужната страна на планината Тимфи и е со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел[1]

Викос е запишан како најдлабок кањон на светот во Гинисовата книга на рекорди. [2]

Кањонот се наоѓа во централниот дел на националниот парк Викос-Аоос, Загорија. Започнува меѓу селата Монондендри (селото е запишано како „Горна Маала“ на блиското село „Везица“ (под тоа име фигурира од 1321 до 1361 година) – денес Вица)[3] и Кукули, и завршува во близина на селото Викос (или Видико), по кое целиот кањон го носи името. [4]

Низ кањонот тече една од притоките на реката Војуша.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Amanatidou, Despoina (2005). „A case study in Vikos-Aoos National Park – Greece“ (PDF). Универзитет Фрајбург. http://www.freidok.uni-freiburg.de/volltexte/2378/pdf/DespoinaAmanatidouDissertation.pdf. посет. 8 март 2017 г. 
  2. Guinness World Records 2005: Special 50th Anniversary Edition. Guinness World Records. 2004. стр. 52. ISBN 978-1-892051-22-6. https://books.google.com/books?id=D4wYAAAAIAAJ&dq=Vikos%2BGuines&lr=&as_brr=0&hl=. 
  3. A. Kathareios (Inspector of the 1st educational region of Epirus) Report of Inspection of Zagorochoria in 1913
  4. *„Natura 2000 Data Form. Site code: GR2130009“ (PDF). Натура 2000. 2009. стр. 8. http://www.minenv.gr/1/12/121/12103/g1210300/00/DeltiaNatura/GR2130009.pdf. посет. 8 март 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]