Википедија:На вашиот факултет

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Википедија:MKEP)


Наградени студенти од страна на министерството за образование и наука, учесници во проектот „Македонија на Википедија“ за студиската 2011/2012 година.
Кратенки:
WP:MKEDU
WP:MKEP

„Википедија на вашиот факултет“ е проект со кој сакаме да овозможиме поголема свесност за проектите на Викимедија на факултетите.

  • Доколку сте професор на некој од факултетите кој смета дека википедија е корисен извор за спроведување на вашиот наставен план слободно контактирајте не, би сакале да ги споделиме искуствата, на ваше барање Викимедија Македонија и членови на локалната вики заедница може да одржат презентација на досегашните искуства во поглед на вклучувањето на студентите во нашите проекти, како и кратки предавања за техниката на уредување на статиите, нивната категоризација и други особености на Википедија.
  • Доколку сте студент и сакате да организирате заедно со вашите колеги проект на Википедија за подобрување на содржините од вашата област на интерес слободно контактирајте не, може да помогнеме околу организација на вашиот проект.

Овде ќе дознаете како професорите на универзитетите ширум Македонија ја користат Википедија во образовниот процес. Студентите имаат за цел да ја подобрат Википедија во областите од нивното подрачје на студирање, со помош на нивните професори на факултетите и со online помош на активните википедијанци.

Соработка со факултети[уреди извор]

Викимедија Македонија веќе има остварено соработка со:

  1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ)
    1. Филолошки факултет
    2. Филозофски факултет
    3. ФИНКИ
    4. Економски институт
    5. Економски факултет
    6. Студенти по медицина
    7. Природно математичкиот факултет
  2. Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола, (УКЛО)
    1. Педагошки факултет - Битола, (УКЛО)
    2. Технички факултет - Битола, УКЛО
    3. Факултет за туризам и угостителство - Охрид, УКЛО
  3. Југоисточен Европски Универзитет - Тетово, (УЈИЕ)
    1. Факултет за современи науки и технологии, УЈИЕ
  4. Европски Универзитет, ЕУРМ
  5. Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје
  6. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, УГД
    1. Факултет за образовни науки - Штип, (УГД)

Вики проекти[уреди извор]

  • УКЛО, проект кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на УКЛО од Битола. Викимедија Македонија на 14 март 2013 година одржа обука за студентите од Педагошкиот факултет.
  • УГД, проект кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на УГД од Штип. Викимедија Македонија на 13 март 2013 година одржа обука за студентите од Факултетот за образовни науки и Факултетот за информатика.
  • МИКРОСАМ, проект кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на Микросам Академијата од Прилеп. Викимедија Македонија во август 2012 година одржа презентација пред студентите на академијата.
  • WPSEEU, проект кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик и Википедија на албански јазик од страна на студентите на Факултетот за современи науки и технологии при Југоисточниот Европски Универзитет од Тетово. Координатор на проектот е деканот на факултетот, доц. д-р Беким Фетаји.
  • ВПФИНКИ, проект кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на Фактултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Координатор на проектот е проф. Катерина Здравкова.
  • ИИПМФ, проект во соработка со Институтот за Информатика при ПМФ опфаќа изработка/превод на статии од англиската Википедија и нивно поставување на Википедија на македонски јазик. Координатори на проектот се проф. Катерина Здравкова, Милош Столиќ.

Слични проекти во други земји[уреди извор]

Поврзано[уреди извор]