Прејди на содржината

Википедија:1Lib1Ref 2025

Од Википедија — слободната енциклопедија
#1Lib1Ref
 

од 15 јануари до 5 февруари 2025 година

 

#1Lib1Ref 2025 — меѓународна иницијатива во облик на натпревар за наведување извори во статии коишто се без наводи или содржат непотврдени изјави. Главна цел на иницијативата е подобрување на цитираноста на Википедија во насока на создавање поквалитетна и поверодостојна енциклопедија. Натпреварот се организира на локално ниво, односно на Википедија на македонски јазик, и на регионално ниво, односно во Средна и Источна Европа.

Сите заинтересирани лица коишто располагаат со веродостојни извори коишто може да послужат за поткрепување на содржината во статиите се добредојдени да земат учество во натпреварот следејќи го упатството за учество, а на најплодотворните учесници во натпреварот како на локално, така и на регионално ниво им биле доделени награди и уверенија.

Упатство за учество

[уреди извор]

Основни податоци

[уреди извор]
  • Почеток: 15 јануари 2025 г. во 00:00 (CET).
  • Крај: 5 февруари 2025 г. во 23:59 (CET).
  • Место на одржување: секое место со пристап до интернет.

Пријава

[уреди извор]

Придонес

[уреди извор]

Напомена: Секој навод се препорачува да се додаде во посебно уредување затоа што бројот на придонеси соодветствува на бројот на направени уредувања со бараниот опис. Наведувањето извори е потребно да се врши исклучиво во постоечки статии, така што новосоздадените статии нема да бидат земени предвид како придонес во натпреварот.

Список на учесници

[уреди извор]

Своето учество во натпреварот може да го најавите со додавање на корисничкото име во продолжение.

Награди

[уреди извор]

Месни награди

[уреди извор]

Награди во облик на вредносни купони за книги или техничка опрема им биле доделени на тројцата најплодотворни учесници, и тоа:

  • Прва награда: купон во вредност од 6.000 денари.
  • Втора награда: купон во вредност од 4.000 денари.
  • Трета награда: купон во вредност од 2.000 денари.

Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се наведат најмалку 100 извори во најмалку 50 различни статии!

Резултати

[уреди извор]
БројКорисникЗбирен резултат1Додадени наводиЗбогатени статии
1Тиверополник978562416
2Bibliotekarska5520295225
3P.Nedelkovski281175106
4Lili Arsova21816256
5Jashko002603426
6XavieraMars201010
7SirGoldenBlade211
8Bojan9Spasovski000

1 Збирниот резултат претставува збир на бројот на додадени наводи и бројот на збогатени статии.

Надворешни врски

[уреди извор]