Прејди на содржината

Википедија:Фотоловови 2026

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фотоловови 2026 — проект наменет за поединци и групи кои организирале посета на место или настан и фотографиле содржини коишто би ги објавиле под лиценца за слободна документација за да може да се користат на Викимедиините проекти.

Важно е содржините да содржат точни описи и подоцна истите да бидат употребени во статии на Википедија на македонски јазик. Секој учесник во фотолов одобрен од страна на заедницата на Википедија на македонски јазик има право на надомест за направените трошоци во висина од 4.000 денари.

Секој кој направил фотолов потребно е да поднесе предлог со пополнување на следниот Формулар за пријавување. Предложувачот треба јасно да ги претстави сите информации поврзани со фотоловот што го извршил, образложувајќи кој настан го фотографирал, со кое превозно средство патувал (доколку е ова важно), колку време траел потфатот (дали е еднодневен и неколкучасовен настан или трае повеќе дена), колку членови ќе учествувале во екипата (ако ги има) и колкави се трошоците. Врз основа на содржината на барањето, заедницата ќе донесе одлука за тоа дали предлогот треба да биде одобрен.

Буџетот за спроведување на проектот во 2026 година изнесува 24 илјади денари, односно тоа се финансии за шест фотоловови. Спроведувањето на проектот ќе биде завршено кога сите средства ќе бидат потрошени. Може да одберете настан од постоечката mk:Категорија:Фестивали во Македонија.

(Свој придонес во дискусијата за поднесените предлози може да даде секој корисник на Википедија на македонски јазик, додека право на глас има секој корисник со најмалку 500 уредувања на Википедија на македонски јазик.)

Одобрени предлози

[уреди извор]

Во текот на 2026 година се одобрени следните предлози:

Надомест на трошоци

[уреди извор]

Надомест за направените трошоци за време на фотоловот има секој предлагач на фотолов одобрен од страна на заедницата на Википедија на македонски јазик. Трошоците што подлежат на надомест вклучуваат: патни трошоци, трошоци за локален превоз, трошоци за храна и пијалаци доколку е настан што трае повеќе дена, и трошоци за влезници.

Средствата ќе бидат надоместени откако:

  • најмалку 30 фотографии од фотоловот ќе бидат подигнати на Ризницата; и
  • учесникот уредно ќе достави фискални сметки и/или сметкопотврди за направените трошоци во врска со фотоловот, по што парите ќе бидат надоместени.

Висината на средствата што ќе бидат надоместени не може да ја надмине сумата од 4.000 денари.

Корисни совети

[уреди извор]

Создавање на фотографии

[уреди извор]

Фотографиите треба да бидат од настани, концерти, изложби.

Може да одберете настан од постоечката категорија: mk:Категорија:Фестивали во Македонија.

Се препорачува да не се:

  • прават фотографии без енциклопедиска вредност;
  • прават повеќе фотографии од еден ист објект сликан од ист агол;
  • создаваат црно-бели фотографии и фотографии со вештачки бои; и
  • уредуваат фотографии со елементи од други фотографии.

Подигање на фотографии

[уреди извор]
Видео-упатство за прикачување слики на Заедничката Ризница

Фотографиите направени за време на фотоловот е потребно да се подигнат на Ризницата. Фотографиите треба да ги пренесете на компјутер директно од апаратот со кој се сликани, за да се зачуваат таканаречените метаподатоци откако ќе бидат подигнати. При подигањето, задолжително мора:

  • да се одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“;
  • да се даде прецизен опис на македонски и на англиски јазик;
  • да се додаде во описот предлошката {{Supported by Wikimedia MKD}}; и
  • да се внесе категорија на англиски јазик во чиешто име е содржано името на посетениот настан.

Уредување на статии

[уреди извор]

Освен подигањето на фотографиите, учесниците по избор може да одлучат да уредуваат статии на теми поврзани со настанот опфатен со спроведениот фотолов. Со цел да се направи преглед на уредените статии, се препорачува статиите да се додадат на страницата за евиденција.

Надворешни врски

[уреди извор]