Википедија:Фотоловови 2018/Евиденција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е страница за евиденција на уредените статии на теми поврзани со подрачјата опфатени со спроведените фотоловови. Во текот на 2018 година се организирани фотоловови во следните подрачја:

  • Општина Ново Село;

Насоки за евидентирање[уреди извор]

Секој завршен фотолов е потребно да биде евидентиран со додавање на подподнасловот === НАЗИВ НА ПОДРАЧЈЕТО === редоследно под поднасловот == Фотоловови ==. Евидентирањето на фотолововите е потребно да биде хронолошки согласно датумот/датумите на нивното одржување.

Уредените статии е потребно да се евидентираат во табела додадена во делот со подподподнаслов ==== Статии ==== којшто се додава веднаш под подподнасловот === НАЗИВ НА ПОДРАЧЈЕТО ===.

Подигнатите фотографии е потребно да се евидентираат преку додавање на известување со врска до категоријата на Заедничката ризница во којашто се подигнати во делот со подподподнаслов ==== Фотографии ==== којшто се додава редоследно по подподподнасловот ==== Статии ====. Во случај да не се уредени статии на теми поврзани со пдорачјето опфатено со спроведениот фотолов, делот со подподподнаслов ==== Фотографии ==== се додава веднаш под подподнасловот === НАЗИВ НА ПОДРАЧЈЕТО ===

Фотоловови[уреди извор]

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на фотолововите во текот на 2018 година се достапни во следната категорија:

Општина Ново Село[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на фотоловот во Општина Босилово се достапни во следната категорија:

Статии[уреди извор]

Учесниците на фотоловот

Фотоловот во населените места во Општина Ново Село започна кон почетокот на април и истиот заврши кон средината на април 2018 година. Во текот на овој викилов, успешно беа пронајдени селските знаменитости, со помош на локалните жители кои постојано не упатуваа по кој пат да се движиме и како да ги пронајдеме бараните места. Во друштво на Викиловот ми помагаше мојата ќерка, која исто така направи неколку фотографии кои искористени за проектот. Фотоловот се одви во три фази. Во првата фаза беа посетени селата Борисово, Колешино и Мокриево. Во втората фаза беа посетени населените места: Ново Коњарево, Самоилово, Смолари, Старо Коњарево, Дражево, Мокрино, а во третата фаза населените места: Ново Село, Сушица, Зубово. Поголемиот дел од објектите по селата беа затворени, па истите ги фотографиравме само надворешно. Исто така беа посетени и Мокринските извори, месноста Пирго, чешмата на Баба Ванѓа. Местоположбата на бараните објекти најчесто ги пронаоѓавме преку допитување со локалните жители или преку ГПС-уред. Во селото Дражево, еден локален жител ни објаснуваше за историјата на селото, потенцирајќи ја староста на јаворот во селото кој е заштитен и со закон. При првата посета на Колешино, во фаза на реновирање беше протестантската црква, па затоа во следната фаза црквата беше веќе завршена и од истата беше повторно направена фотографија. При посета на Ново Село наидовме на пазарен ден во селото, а во самиот културен дом се одвиваше манифестација.

Број Статија Фотографија Забелешки
1. Борисово подобрена статија
2. Дражево подобрена статија
3. Зубово подобрена статија
4. Колешино подобрена статија
5. Мокриево подобрена статија
6. Мокрино подобрена статија
7. Ново Коњарево подобрена статија
8. Ново Село подобрена статија
9. Самоилово подобрена статија
10. Смолари подобрена статија
11. Старо Коњарево подобрена статија
12. Сушица подобрена статија
13. ОУ „Видое Подгорец“ - Колешино подобрена статија
14. Колешински Водопад подобрена статија
15. ОУ „Мануш Турновски“ - Дражево нова статија
16. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Дражево нова статија
17. ОУ „Мануш Турновски“ - Зубово нова статија
18. ОУ „Видое Подгорец“ - Мокриево нова статија
19. ОУ „Видое Подгорец“ - Мокрино нова статија
20. Мокрински Извори подобрена статија
21. ОУ „Мануш Турновски“ - Ново Коњарево нова статија
22. Црква „Св. Климент Охридски“ - Ново Коњарево нова статија
23. ОУ „Мануш Турновски“ - Смолари нова статија
24. Манастир „Св. Петка“ - Смолари нова статија
25. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Самоилово нова статија
26. ОУ „Мануш Турновски“ - Самоилово нова статија
27. ОУ „Мануш Турновски“ - Старо Коњарево нова статија
27. Црква „Св. Спас“ - Старо Коњарево нова статија
28. ОУ „Мануш Турновски“ - Сушица нова статија
29. Џамија (Сушица) нова статија
30. Манастирска црква „Св. Ѓорѓи“ - Ново Село нова статија
31. ОУ „Мануш Турновски“ - Ново Село нова статија
32. ПОУ „Св. Климент Охридски“ - Ново Село нова статија
33. Чешма на Баба Ванѓа нова статија

Општина Радовиш[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на фотоловот во Општина Босилово се достапни во следната категорија:

Статии[уреди извор]

Фотоловот во населените места во Општина Радовиш започна кон почетокот на мај и истиот заврши кон средината на мај 2018 година. Во текот на овој викилов, успешно беа пронајдени селските знаменитости, со помош на локалните жители кои постојано не упатуваа по кој пат да се движиме и како да ги пронајдеме бараните места. Во друштво на Викиловот ми помагаше мојата ќерка и мојот син, кои исто така направија неколку фотографии кои искористени за проектот. Фотоловот се одви во две фази. Во првата фаза беа посетени населените места Злеово, Калуѓерица, Ораовица, Подареш, Раклиш и Воиславци. Во втората фаза беа посетени населените места: Покрајчево и Јаргулица. Поголемиот дел од објектите по селата беа затворени, па истите ги фотографиравме само надворешно. Местоположбата на бараните објекти најчесто ги пронаоѓавме преку допитување со локалните жители или преку ГПС-уред. Во селото Злеово, еден локален жител ни даде ветување дека ќе се вклучи во проектот на Википедија за да даде свој придонес за селото, во селото Подареш еден локален жител не прошета низ целото село и не одведе до сите позначајни локации за да ги фотографираме. Во селото Воиславци еден жител на селото не одведе до селската црква, и ни пренесе информација за селото дека во неговата околина постојат уште пет помали манастири.

Број Статија Фотографија Забелешки
1. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Злеово нова статија
2. ОУ „Орце Николов“ – Злеово подобрена статија
3. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Јаргулица нова статија
4. ОУ „Коста Рацин“ - Јаргулица нова статија
5. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Калуѓерица нова статија
6. ОУ „Орце Николов“ – Калуѓерица нова статија
7. Црква „Св. Атанасиј“ - Ораовица нова статија
8. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Подареш нова статија
9. Црква „Св. Илија“ - Подареш нова статија
10. ОУ „Коста Рацин“ - Подареш нова статија
11. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Покрајчево подобрена статија
12. ОУ „Орце Николов“ – Покрајчево нова статија
13. Евангелско-методистичка црква (Раклиш) нова статија
14. Црква „Св. Константин и Елена“ - Раклиш нова статија
15. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Воиславци нова статија
16. ОУ „Орце Николов“ – Воиславци нова статија

Региони во Македонија[уреди извор]

Д Фестивал[уреди извор]

Верски објекти во Македонија[уреди извор]

Глетки на Македонија до воздух[уреди извор]

Винарии во Охрид[уреди извор]

Фотолов во Општина Ѓорче Петров[уреди извор]