Википедија:Фотоловови 2016/Предлози/Фотолов во Преспанскиот регион

Од Википедија — слободната енциклопедија

Проектот го замислувам да се одвива на 2 и 3 април 2016 година, Односно сабота и недела. Eвентуално доколку се соочиме со лоши временски услови тој викенд, тогаш фотоловот би го поместиле за некој од наредните викенди. Фотоловот би се одвивал во Преспанскиот регион. Експедицијата би била сочинета од два члена. Сликите коишто ќе ги обезбедиме од тој регион и коишто ќе ги подигнеме на ризницата, ќе бидат квалитетни фотографии, создадени со DSLR апарат. Би обезбедиле помеѓу 50 до 60 успешни фотографии од повеќе објекти, а можеби и субјекти. --Cibrev (разговор) 22:08, 17 март 2016 (CET)[одговори]

Место/места[уреди извор]

  1. Голем Град (остров)
  2. Коњско

Траење[уреди извор]

2 и 3 април 2016 година

Поединец или група (тогаш и бр. на членови)[уреди извор]

Експедицијата ќе има два члена:

  1. Александар Маркозанов, којшто ќе биде во улога на возач со негово возило, домаќин и добар познавач на тој регион, бидејќи од таму и му е потеклото.
  2. Никола Цибрев, којшто ќе биде во улога на фотограф и подигач на фотографиите на ризницата. Со правење слики и нивно подигање на ризницата(со што тој има искуство)

Проценети трошоци[уреди извор]

Во овој потфат ќе побараме само рефунација на патните трошоци до Преспанскиот регион. Вкупниот трошок би бил 2.200,00 ден. Трошокот би бил оправдан со фискални сметки и соодветни сметкопотврди.

Дискусија на заедницата[уреди извор]

  • Како раководител на Викиекспедициите, кои се проект од исклучително значење за организацијата за Википедија и со кој се покриени многу подрачја, морам да кажам дека сум против посета на зададените села од списокот, бидејќи во месец јули е планирана експедицијата од поширок обем токму во областа на Преспа, односно крајбрежните села. Би истакнал дека немам против да се појде во областа како што е градот Ресен и островот Голем Град кои и не ни беа планирани за посета, додека за селата не гледам да бидат фотографирани по двапати. Воедно, би истакнал и фактот дека голем број од овие села имаат по десетина цркви, поради што само со обемна експедиција може да се постигне да се исликаат сите. Мислам дека проектот е добар, но да се осврне на помал број места, односно места кои нема да бидат опфатени со најавената експедиција. --Ehrlich91 (разговор) 17:55, 12 март 2016 (CET)[одговори]
  • Ме радува иницијативата за посета на градот Ресен и островот Голем Град и подготвен сум да ја поддржам, но најпрвин би сакал да поставам неколку прашања во врска со планираната посета:

1. Дали имате стапено во контакт со бродски превозници кои сообраќаат до островот и би биле достапни во деновите кога е планирано да се одржи експедицијата?

  • Што се однесува до бродски превозник, легален бродски превозник нема. Но, обезбеден е контакт телефон од лице коешто живее во селото Коњско и коешто врши превоз до островот. Но, не е во можност да обезбеди фискална сметка и сметкопотврда за превозот. Неговата последна понуда беше 25 евра. А мојата понуда беше гориво во вредност на цената којашто го нуди превозот, купена на легален начин од бензинска со соодветна фискална сметка и сметкопотврда. За да може да се оправда трошокот. Мојата е прифатлива од негова страна. Останува за вас дали е прифатлива понудата. --Cibrev (разговор) 19:51, 26 март 2016 (CET)[одговори]

2. Дали во проценетите патни трошоци се вклучени и трошоците за превоз до островот? Дали имате информација за висината на трошоците за превоз до островот?

  • Имате одговор погоре. Грото од трошоците ќе бидат трошоци за превоз. Со тоа што ќе имаме и минимален процент на трошоци за храна. Со формираната цена за трошоците до островот. Вкупната цена на трошоци би се движела од 5.000 до 6.000 ден. Проценетите вкупни трошоци за превоз би биле околу 4.000 денари.--Cibrev (разговор) 19:51, 26 март 2016 (CET)[одговори]

3. Може ли да направите груба проценка за вкупиот број на направени и подигнати фотографии, како и за вкупниот број на фотографирани објекти? За колку од фотографираните објекти нема фотографии на Ризницата?

  • Ќе се обезбедат фотографии од градот Ресен и од островот Голем Град. Груба бројка неможам да кажам уште од сега. Сите позначајни места ќе бидат поминати од градот Ресен. Островот ќе биде одлично фотографиран, се разбира ако е прифатлива понудата за правдање на трошоците на начин којшто го предложувам. И ќе имаме и повеќе од доволно фотографии.--Cibrev (разговор) 19:51, 26 март 2016 (CET)[одговори]
Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:41, 17 март 2016 (CET)[одговори]
И јас би сакал да ги знам овие одговори. --Ehrlich91 (разговор) 00:29, 22 март 2016 (CET)[одговори]
Ве поздравувам.—Претходниот непотпишан коментар е додаден од Cibrev (разговорпридонеси) 19:51, 26 март 2016 (CET)[одговори]

Гласање[уреди извор]

  • Против  Сепак, на крајот, морам да гласам „против“ предложеново, поради повеќе причини: 1. Мене ми делува на огромни трошоци за целиот лов, земајќи го в предвид целокупниот буџет предвиден за фотоловови, како и тоа дека за одредени еднодневни експедиции ние имаме потрошено исто толкав износ, и го повикувам предложувачот да разгледа други места (кои ги има) за кои немаме фотографии, а кои би ги посетил; 2. Не се наведува како ќе се обезбеди точност на фотографиите (координати) од наоѓалиштата на островот или пак одредено знаење за него, што е клучно за спроведување и посета на островот Голем Град; 3. Не се наведени квантитавни бројки, „повеќе од доволно фотографии“ не е доволно за мене. -- Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 16:15, 28 март 2016 (CEST)[одговори]
  • Против  Морам да се согласам со Тони. Предлогот врзува доста високи трошоци за посета на само еден град и еден остров, при што во категориите Ресен и Голем Град на Ризницата може да се забележи дека и двете места воопшто не се лошо застапени со фотографии. Освен тоа, врз основа на одговор во којшто не се дава приближна броја за бројот на направени фотографии и бројот на фотографирани објекти не може да се направи соодветна анализа за изводливоста на ловот. Се надевам дека гласот нема да делува обесхрабрувачки и корисникот во иднина ќе предложи посета на регион со пониски трошови, при што ќе даде проценка за постигнатите резултати. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:40, 28 март 2016 (CEST)[одговори]
  • Против  Согласно погоре кажаното. Смислете некоја поинаква маршрута за поскромни пари. --Б. Јанкулоски (разговор) 17:19, 28 март 2016 (CEST)[одговори]

Измена[уреди извор]

Ви благодарам на гласањето. Бидејќи е скромен буџетот за фотоловови и не сте во можност да обезбедите средства за целосно покривање на трошоците. Сепак и понатаму настојувам да се фотографира и посети островот Голем Град, бидејќи ова е ретка прилика. Со тоа што, сега Ви предложувам да ги покриете само патните трошоци до брегот на Преспанското Езеро и назад. Трошоците за превоз до островот и трошоците за храна, нека бидат на мој товар. Трошоците до Преспанскиот регион и назад ги проценија на 2.200,00 ден. Ве молам гласајте повторно.--46.217.57.18 (разговор) 21:08, 28 март 2016 (CEST)[одговори]

Повторно гласање[уреди извор]

  • За  Јас немам ништо против со новиот буџет. Ми се чини разумно. Особено ако стане збор за потеменлно покривање на островот, бидејќи таму има доста што да се слика што го немаме. --Б. Јанкулоски (разговор) 16:56, 29 март 2016 (CEST)[одговори]
  • За  --Р ашо 23:53, 29 март 2016 (CEST) Коментар  Воглавно сум за вакви проекти. Лично знам дека приватен наем на чамец до островот се движи од 50€ па нагоре. Е сега незнам која е турата подетално, но знам дека планиравме една посета на лето во Долна Преспа (селата јужно од Ресен и околу езерото). Најдобро би било во овој фотолов да се посети Горна Преспа, бидејќи таа е најмалку покриена со слики.[одговори]

Ќе се посети источниот дел на Преспа заедно со островот. Од таму ќе се обезбедат слики. Благодарам на гласањето. Ќе ве замолам да побрзате да се изјаснат уште Тони и Кирил за да можам да го договорам превозот до островот, да не биде доцна. Благодарам уште еднаш.—Претходниот непотпишан коментар е додаден од 80.77.151.202 (разговор) 08:11, 30 март 2016 (CEST)[одговори]

Впрочем островот е достапен само од западното крајбрежје :)--Р ашо 10:42, 30 март 2016 (CEST)[одговори]
  • За  --Kiril Simeonovski (разговор) 09:04, 30 март 2016 (CEST) Коментар  Со додавањето на мерката од 50-60 обезбедени фотографии и значителното намалување на трошоците, мислам дека ловот сега е веќе изводлив и планираното може да се спроведе. Сепак, моја препорака е особено а се внимава на додавањето точни географски координати од фотографирание места и соодветни описи.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:04, 30 март 2016 (CEST)[одговори]

Заклучок[уреди извор]

Одобрено Согласно дадените гласови, предлогот се одобрува во обликот наведен под заглавието „Измени“. --Б. Јанкулоски (разговор) 15:54, 30 март 2016 (CEST)[одговори]

Напомена

Одобрените средства ќе бидат исплатени (повратени) откако фотографиите ќе се подигнат на Ризницата (Wikimedia Commons). При подигањето, учеснико задолжително мора да ја одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“, да даде што попрецизен опис на подигнатото и да долу да ја внесе категоријата Photohunts in Macedonia за да ги заведе сликите на правилно место. Пожелно е на сликите да стојат и координати што би ги завел самиот апарат при сликањето. По подигањето, учесникот треба да задолжително да нè извести за тоа преку оставање на коментар на страницата за предложување.

Благодарам. Ќе направам се за да биде најдобро што може да биде. Ќе ги приложам фискалните сметки и сметкопотврдите. Поздрав.

Сликите се подигнати на ризницата. Поздрав.--Cibrev (разговор) 12:36, 10 април 2016 (CEST)[одговори]