Википедија:Фотоловови 2016/Предлози/Струмички регион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фотолов во Струмичкиот регион

Целта на овој проект, наречен Фотолов во Струмичкиот регион, е да се обезбедат фотографии од населените места во Струмичкиот крај, односно од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

Место/места[уреди извор]

Населени места во Општина Струмица[уреди извор]

Место Забелешка
Струмица за градот постојат голем број на слики од Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости
Баница за селото недостасуаат слики на Ризницата
Банско за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости
Белотино за селото недостасуаат слики на Ризницата
Вељуса за селото нема потреба, бидејќи на Ризницата постојат доволно слики. Доколку се пронајдат остатоците од археолошките локалитети, истите можат да бидат вклучени во проектот
Водоча за селото нема потреба, бидејќи на Ризницата постојат доволно слики. Доколку се пронајдат остатоците од археолошките локалитети, истите можат да бидат вклучени во проектот
Габрово за селото недостасуаат слики на Ризницата, освен за Габровскиот водопад
Градско Балдовци за селото недостасуаат слики на Ризницата
Дабиље за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости
Добрејци за селото недостасуаат слики на Ризницата
Дорломбос за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости
Злешево за селото недостасуаат слики на Ризницата, истите ќе бидат направени доколку има остатоци од селото бидејќи се работи за напуштено село
Костурино за селото недостасуаат слики на Ризницата
Куклиш за селото недостасуаат слики на Ризницата
Мемешли за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости.
Муртино за селото недостасуаат слики на Ризницата
Орманли за селото недостасуаат слики на Ризницата
Попчево за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости.
Просениково за селото недостасуаат слики на Ризницата
Раборци за селото недостасуаат слики на Ризницата
Рич за селото недостасуаат слики на Ризницата
Сачево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Свидовица за селото недостасуаат слики на Ризницата
Три Води за селото недостасуаат слики на Ризницата
Чепели за селото недостасуаат слики на Ризницата, истите ќе бидат направени доколку има остатоци од селото бидејќи се работи за напуштено село

Населени места во Општина Босилово[уреди извор]

Место Забелешка
Бориево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Босилово за селото недостасуаат слики на Ризницата
Гечерлија за селото недостасуаат слики на Ризницата
Дрвош за селото недостасуаат слики на Ризницата
Еднокуќево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Иловица за селото недостасуаат слики на Ризницата
Моноспитово за селото недостасуаат слики на Ризницата
Петралинци за селото недостасуаат слики на Ризницата
Радово за селото недостасуаат слики на Ризницата
Робово за селото недостасуаат слики на Ризницата
Сарај за селото недостасуаат слики на Ризницата
Секирник за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости.
Старо Балдовци за селото недостасуаат слики на Ризницата
Турново за селото недостасуаат слики на Ризницата
Хамзали за селото недостасуаат слики на Ризницата
Штука за селото недостасуаат слики на Ризницата

Населени места во Општина Василево[уреди извор]

Место Забелешка
Ангелци за селото недостасуаат слики на Ризницата
Варварица за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости.
Василево за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости.
Висока Маала за селото недостасуаат слики на Ризницата
Владевци за селото недостасуаат слики на Ризницата
Градошорци за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости.
Доброшинци за селото недостасуаат слики на Ризницата
Дукатино за селото недостасуаат слики на Ризницата
Едрениково за селото недостасуаат слики на Ризницата
Кушкулија за селото недостасуаат слики на Ризницата
Нивичино за селото недостасуаат слики на Ризницата
Нова Маала за селото недостасуаат слики на Ризницата
Пиперево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Радичево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Седларци за селото недостасуаат слики на Ризницата
Сушево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Требичино за селото недостасуаат слики на Ризницата
Чанаклија за селото недостасуаат слики на Ризницата

Населени места во Општина Ново Село[уреди извор]

Место Забелешка
Бадолен за селото недостасуаат слики на Ризницата
Бајково за селото недостасуаат слики на Ризницата
Барбарево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Борисово за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости.
Дражево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Зубово за селото недостасуаат слики на Ризницата
Колешино за селото недостасуаат слики на Ризницата
Мокриево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Мокрино за селото недостасуаат слики на Ризницата
Ново Коњарево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Ново Село за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости.
Самоилово за селото недостасуаат слики на Ризницата
Смолари за селото постојат слики на Ризницата, но недостасуваат за неколку знаменитости.
Старо Коњарево за селото недостасуаат слики на Ризницата
Стиник за селото недостасуаат слики на Ризницата
Сушица за селото недостасуаат слики на Ризницата

Траење[уреди извор]

Поради обемноста на проектот, посетата на местата ќе се одвива во најмалку четири фази, според општините кои ќе се посетуваат. Доколку се појави било каков технички проблем од аспект на времетрање на една фаза, истата ќе може да биде продолжена за уште еден ден, за секоја фаза посебно. Поради временските услови, проектот е планиран да започне кон крајот на март или почетокот на април, и истиот би траел најмалку една недела, но не подоцна од 17 април.

Направените фотографии ќе бидат прикачени на Заедничката Ризница. Доколку има потреба, истите ќе бидат компјутерски обработени со помош на програмите како Photoshop или Lightroom. Доколку сликите бидат обработени со споменатите програми, ќе биде потребено време истите да се обработат. Но, доколку заедницата реши дека за ова ќе биде потрошено премногу време, истите немора да се обработуваат туку едноставно ќе бидат прикачени.

Поединец или група (тогаш и бр. на членови)[уреди извор]

Фотоловот на Струмичкиот регион ќе биде спроведен од моја страна, односно од корисникот Тиверополник.

Проценети трошоци[уреди извор]

Сите населени места ќе бидат посетени од страна на сопствено возило, па поради тоа како парични трошоци ќе бидат направени единствено патни трошоци односно трошоци за бензин. Поради големиот број на населени места, во моментот не сум сигурен колку ќе биде висината на истите, па поради тоа ја замолувам заедницата да помогне околку пресметката на трошоците.

Дискусија на заедницата[уреди извор]

  • Здраво Тивер. Супер идеја и особено што ние оваа година со ниту една експедиција нема да го посетиме тој крај. Само, главниот проблем е што ние како организација ова ни е пилот-проект, за кој имаме предвидени скрони средства (300 евра), поради што мислам дека е паметно од твоја страна да одбереш една од струмичките општини, како за почеток (Ново Село, Василево, итн.) за да видиме како ќе бидеш со трошоците, а се разбира и во зависност со барањата од другите членови, до крајот на годината би можел да спроведеш уште некоја. Кажи што мислиш за ова. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 20:05, 17 март 2016 (CET)
Во ред, во овој случај би избрал за почеток населени места во Општина Струмица. Мислам оти не е потребно да создавам нова фотоловна страница посебна од оваа. Околу трошоците, повторно би побарал помош од ваша страна--Тиверополник 22:17, 17 март 2016 (CET).
Не, нема потреба, затоа е и полево тука, да се советуваме за вакви работи :) --Ehrlich91 (разговор) 22:31, 17 март 2016 (CET)
  • Предлогот за посета на населените места во околината на Струмица е навистина одличен. Од горната дискусија можам да заклучам дека за почеток ќе се започне со градот Струмица и селата во неговата непосредна околина, што мислам дека е правилен пристап не само од аспект на трошоците, туку и од аспект на обемот на работа. Сепак, и во тој случај, табелата го содржи градот и уште 24 села, така што ќе бидат потребни неколку дена за посета на секое од нив. Мој совет е да се направи план за тоа кои населени места во кој ден ќе бидат посетени и кои објекти ќе бидат фотографирани. Покрај тоа, добро е да се направи груба проценка на вкупниот број на фотографии што ќе бидат направени и подигнати, како и бројот на фотографирани објекти со особен нагласок на оние за кои нема фотографии на Ризницата.
Во врска со проценката на висината на патните трошоци, мој предлог е да се наведе приближен износ пресметан врз основа на: 1) вкупната должина на патот што ќе се помине, 2) вкупната потрошувачка на гориво и 3) висината на трошоците за гориво. Кога сме веќе кај проценката на трошоците, напоменувам да се размисли дали се потребни средства само за покривање на патните трошоци. Експедициите со кои се планира посета на повеќе места знаат да бидат исцрпувачки, така што можеби е најпаметно со средствата да бидат покриени барем уште трошоците за храна и пијалаци. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:04, 18 март 2016 (CET)
Во врска со бројот на фотографии, бидејќи станува збор за поголем број на населени места, ќе бидат направени за секое населено место според тоа колку институции има во тоа село. Главно ќе бидат фотографирани училиштата (доколку ги има), верските објекти (доколку ги има), археолошките локалитети (доколку дојдам до информација каде точно се наоѓат) и фотографии од самото село. Според мои проценки, ќе бидат направени најмалку 100-тина фотографии. Според бројот на селата (24 на број), би требало да бидат фотографирани 2-3 објекти, кое означува дека просечно ќе бидат фотографирани 50 објекти од селата. Во градот ќе бидат фотографирани 20-тина објекти. Мислам оти нема потреба да ги пишувам посебно објектите кои ќе бидат опфатени со проектот, бидејќи се повеќе на број (нормално доколку се бара ова од мене, списокот ќе го допишам подолу, заедно со планот на работа). Населените места, како што објаснив погоре, сакам да ги посетам најдоцна до 17 април. Во врска со висината на трошоците, повторно потенцирам дека барам ваша помош околу нивна пресметка. Бидејќи немам проценка на бројот на километри кои ќе бидат поминати, можеби Google.maps ќе покаже колку километри ќе бидат поминати? За прашањето дали се потребни средства само за покривање на патните трошоци, ќе биде грубо од моја страна да кажам дали е потребно да бидат вклучени плус трошоци, па затоа ве советувам ова да го решите како Заедница.--Тиверополник 21:39, 28 март 2016 (CEST)
Благодарам на исцрпниот одговор. Мое мислење е дека воопшто не е грубо да се вклучат барем уште трошоците за храна и пијалаци. Тоа се егзистенционални добра без кои се не може. Затоа, како член на заедницата стојам на ставот дека е потребно да се вклучат. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 28 март 2016 (CEST)
@Тиверополник: Совети за тебе од спроведените експедиции досега: 1. прави фотографии од убави староградски куќи (доколку ги има); панорамски фотографии (доколку можеш) или пак најблиску до панорамска; сретселото; месна заедница, амбуланта, пошта и други општествени установи (доколку ги има); цркви/манастири (супер би било ако негде успееш и да влезеш) заедно со селските гробишта и се разбира се друго што тебе ти фаќа око :) 2. За трошоците, некако најдобро би било ако одредиш дека денот ти е само за тоа, наточи си бензин на почеток, купи си храна и пијалаци на бензинска и шибај :) --Ehrlich91 (разговор) 23:55, 28 март 2016 (CEST)

Гласање[уреди извор]

  1. За  --Ehrlich91 (разговор) 22:31, 17 март 2016 (CET) Коментар  Гласам за спроведување на фотолов во селата на Општина Струмица, многу успех, па да ги видиме фотографиите :) --Ehrlich91 (разговор) 22:31, 17 март 2016 (CET)
  2. За --Р ашоAero-stub img.svg 18:22, 18 март 2016 (CET) Коментар  Одлична идеја.
  3. За  --Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 28 март 2016 (CEST) Коментар  Мислам дека спроведувањето на ловот со проценетите резултати ги оправдува планираните трошоци.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 28 март 2016 (CEST)

Заклучок[уреди извор]

Одобрено Согласно дадените гласови, предлогот се одобрува. --Б. Јанкулоски (разговор) 15:58, 30 март 2016 (CEST)

Напомена

Одобрените средства ќе бидат исплатени (повратени) откако фотографиите ќе се подигнат на Ризницата (Wikimedia Commons). При подигањето, учесникот задолжително мора да ја одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“, да даде што попрецизен опис на подигнатото и да долу да ја внесе категоријата Photohunts in Macedonia за да ги заведе сликите на правилно место. Пожелно е на сликите да стојат и координати што би ги завел самиот апарат при сликањето. По подигањето, учесникот треба да задолжително да нè извести за тоа преку оставање на коментар на страницата за предложување.

Известување за крај на проектот[уреди извор]

Почитувани, ве известувам дека направените слики од Струмичкиот регион се подигнати на ризницата и додадени во подкатегорија на Photohunts in Macedonia - Photohunt in the Strumica Region. --Тиверополник 15:30, 12 април 2016 (CEST)