Википедија:Фотоловови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преглед
Фотоловови во 2016
Фотоловови во 2017
Фотоловови во 2018
Фотоловови во 2019
Фотоловови во 2020
Фотоловови во 2021
Фотоловови во 2022

Фотоловови — проект на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ (во периодот 2016 — 2023 година на „Споделено знаење“) наменет за поединци и групи заинтересирани да организираат посета на место или настан со цел да создадат фотографии коишто би и објавиле под лиценца за слободна документација за да може да се користат на викимедиините проекти.

Важно е содржините да содржат точни описи и подоцна истите да бидат употребени во статии на Википедија на македонски јазик. Секој учесник во фотолов одобрен од страна на заедницата на Википедија на македонски јазик има право на надомест за направените трошоци.

Поднесување на предлог за фотолов[уреди извор]

Секој кој е заинтересиран да спроведе фотолов потребно е да поднесе предлог во полето „Назив на предлогот“ или со пополнување на следниот Формулар за пријавување. Предложувачот треба јасно да ги претстави своите планови, образложувајќи каде и што ќе фотографира, со кое превозно средство ќе патува, колку време ќе трае потфатот, колку членови ќе учествуваат во екипата (ако ги има) и колкави се проценетите трошоци. Заинтересираниот поединец или група ќе треба да ја најави својата намера за одење на фотолов најмалку 7 дена пред тргнувањето. Врз основа на содржината на барањето, заедницата ќе донесе одлука за тоа дали предлогот треба да биде одобрен.

Буџетот за спроведување на проектот во 2023 година изнесува 400 евра. Во случај сите средства да бидат предвремено потрошени, спроведувањето на проектот ќе биде завршено.

Нашиот список на предложени места.

Тековни предлози[уреди извор]

(Свој придонес во дискусијата за поднесените предлози може да даде секој корисник на Википедија на македонски јазик, додека право на глас има секој корисник со најмалку 500 уредувања на Википедија на македонски јазик.)

Завршени фотоловови[уреди извор]

Повеќе информации во врска со завршените фотоловови можете да прочитате на страниците за евиденција и статистика.

Право на надомест[уреди извор]

Право на надомест за направените трошоци за време на фотоловот има секој предлагач на фотолов одобрен од страна на заедницата на Википедија на македонски јазик. Трошоците што подлежат на надомест вклучуваат: патни трошоци, трошоци за локален превоз, трошоци за храна и пијалаци и трошоци за влезници.

Средствата ќе бидат надоместени откако:

  • фотографиите од фотоловот ќе бидат подигнати на Ризницата, учесникот ќе ја извести заедницата со додавање на поднасловот == Известување за крај на фотоловот == на крајот од страницата на предлогот и ќе го евидентира завршениот фотолов на страницата за евиденција; и
  • учесникот уредно ќе достави фискални сметки и/или сметкопотврди за направените трошоци во врска со фотоловот.

Висината на средствата што ќе бидат надоместени е еднаква на збирот од износите назначени на доставените фискални сметки и/или сметкопотврди, но не повеќе од 4.000 денари.

Корисни совети[уреди извор]

Создавање на фотографии[уреди извор]

Фотографиите треба да бидат од објектите на предложените места.

Се препорачува да не се:

  • прават фотографии без енциклопедиска вредност;
  • прават повеќе фотографии од еден ист објект сликан од ист агол;
  • создаваат црно-бели фотографии и фотографии со вештачки бои; и
  • уредуваат фотографии со елементи од други фотографии.

Подигање на фотографии[уреди извор]

Видео-упатство за прикачување слики на Заедничката Ризница

Фотографиите направени за време на фотоловот е потребно да се подигнат на Ризницата. При подигањето, задолжително мора:

  • да се одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“;
  • да се даде прецизен опис на македонски и англиски јазик;
  • да се додаде предлошката {{Supported by Shared Knowledge}};
  • да се додаде географски координати од фотографираното место; и
  • да се внесе категорија на англиски јазик во чиешто име е содржано името на посетеното подрачје (пр. „Photohunt in the Strumica Region“ за фотолов во Струмичкиот регион).

Уредување на статии[уреди извор]

Освен подигањето на фотографиите, учесниците по избор може да одлучат да уредуваат статии на теми поврзани со подрачјето опфатено со спроведениот фотолов. Со цел да се направи преглед на уредените статии, се препорачува статиите да се додадат на страницата за евиденција.

Поврзано[уреди извор]