Википедија:Уредувачки натпревар/Француска книжевност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Open book nae French flag.png
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки натпревари.svg
Уредувачки натпревар на тема „Француска книжевност“

 

од 27 декември 2016 до 26 јануари 2017 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Француска книжевност“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Француска книжевност“.

Натпреварот почнува на 27 декември 2016 г. во 00:00 ч. и завршува на 26 јануари 2017 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии поврзани со француската книжевност. Тука би влегле статии поврзани со книжевните правци во француската книжевност низ историјата, писателите чии дела се на француски јазик од било кој книжевен правец, како и статии за значајни дела во француската книжевност и значајни ликови во овие дела. Треба да се нагласи дека како претставници на француската книжевност не се сметаат само писателите родени во Франција или од француска етничка припадност, туку и оние родени надвор од Франција и од друга етничка припадност чии дела се на француски јазик.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. Особено е потребно да се обрне внимание на предавањето на француските имиња со македонско писмо. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ги бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од француската книжевност). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаа прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Макс (разговор) 00:24, 27 декември 2016 (CET)
  2. П. Неделковски (разговор) 17:51, 28 декември 2016 (CET)
  3. Retrohead (разговор) 00:40, 9 јануари 2017 (CET)
  4. Тиверополник (разговор) 16:53, 14 јануари 2017‎ (CET)

Предлози за статии[уреди извор]

Материјали[уреди извор]

Учесниците имаат слобода при употребата на материјали во натпреварот и тие може да користат материјали од книги, енциклопедии, дигитални изданија, други јазични изданија на Википедија, како и други печатени и дигитални материјали поврзани со француската книжевност.

Членови на жирито[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Sazdo (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока или книги/материјали по избор на добитникот.

На натпреварот ќе се доделуваат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобра статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе напише „најмногу нови статии за писатели кои твореле во 19 век“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Посебна награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 619
2 Retrohead 329
3 P.Nedelkovski 272
4 SmartM&M 233
Награда за најдобра статија
Посебна награда