Википедија:Уредувачки натпревари/Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Emoji u1f3dd.svg
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки натпревари.svg
Уредувачки натпревар на тема
„Острови“

 

од 1 до 31 декември 2018 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Острови“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Острови“.

Натпреварот почнува на 1 декември 2018 г. во 00:00 ч. и завршува на 31 декември 2018 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии за острови низ целиот свет. Прифатливи се статии за речни, езерски и морски или океански острови, како и статии за вештачки острови, но не и за измислени или митолошки.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од двајца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаа можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Uvtarex
  2. Тиверополник
  3. BlueEagle1
  4. Thelibrarian1973
  5. Matej Jurukov
  6. Б. Јанкулоски

Членови на жирито[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Македонец (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали[уреди извор]

За уредување на статиите за острови може да се користи соодветната категорија на Википедија на англиски јазик, и тоа:

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Република Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе подобри „статии за неподелени острови во најмногу различни земји со најмалку 5 статии по земја“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

За да може некој учесник да добие награда во некоја од категориите, мора да има уредено најмалку 10 статии и истите да бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата.

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Посебна награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 556
2 BlueEagle1 457
3 Uvtarex 270
4 Bjankuloski06 26
Награда за најдобра статија
Посебна награда
  • Uvtarex и BlueEagle1 со статии за неподелени острови во 3 различни земји.