Прејди на содржината

Википедија:Уредувачки натпревари 2023

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратенки:
ВП:УН

Уредувачките натпревари за 2023 година во организација на „Споделено знаење“.

Прв натпревар

[уреди извор]

Уредувачкиот натпревар на тема „Хемиски соединенија“ бил одржан од 10 февруари до 9 март 2023 година. Учесниците можеле да уредуваат постоечки или да создаваат нови статии.

Наградите за овој натпревар биле предвидени да се вредносни купони за производи по избор на добитникот.

  • вредносен купон во вредност од 12.000 денари за освоено прво место;
  • вредносен купон во вредност од 6.000 денари за освоено второ место;
  • вредносен купон во вредност од 3.000 денари за освоено трето место;
  • вредносен купон во вредност од 5.000 денари за најдобра статија;
  • вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најдобар нов учесник; и
  • награда - посебно изненадување за сите учесници во натпреварот коишто ќе уредат најмалку 10 статии, доколку во натпреварот бидат вкупно уредени најмалку 300 статии.

Втор натпревар

[уреди извор]

Уредувачкиот натпревар на тема „СИЕ Пролет 2023“ бил одржан од 4 април до 4 мај 2023 година. Учесниците можеле да уредуваат постоечки или да создаваат нови статии.

Наградите за овој натпревар биле предвидени да се вредносни купони за производи по избор на добитникот.

  • вредносен купон во вредност од 10.000 денари за освоено прво место;
  • вредносен купон во вредност од 5.000 денари за освоено второ место;
  • вредносен купон во вредност од 3.000 денари за освоено трето место;
  • вредносен купон во вредност од 4.000 денари за најдобра статија;
  • вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најдобар постоечки учесник; и
  • вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најмногу уредени статии.

Поврзано

[уреди извор]