Википедија:Уредувачки натпревари 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратенки:
ВП:УН

Во 2016 година се организирани пет уредувачки натпревари.

Прв натпревар[уреди извор]

Села во Егејска Македонија[уреди извор]

Уредувачкиот натпревар на тема „Села во Егејска Македонија“ се одржал од 22 февруари до 22 март 2016 година. Учесниците можеле да уредуваат постоечки и нови статии за села од различните области во Егејска Македонија.

Тројцата најдобро-рангирани учесници според вкупниот број на доделени бодови од страна на тричлената жири-комисија биле наградени со вредносни ваучери наменети за купување на техничка стока во продавницата Пикс Плус, и тоа:

  • вредносен ваучер во вредност од 250 евра во денарска противвредност за освоено прво место;
  • вредносен ваучер во вредност од 150 евра во денарска противвредност за освоено второ место; и
  • вредносен ваучер во вредност од 100 евра во денарска противвредност за освоено трето место.

Втор натпревар[уреди извор]

СИЕ Пролет 2016[уреди извор]

Уредувачкиот натпревар на тема „СИЕ Пролет 2016“ се одржал од 21 март до 31 мај 2016 година. Учесниците можеле да уредуваат постоечки или нови статии на теми поврзани со земјите во Средна и Источна Европа.

Двајцата најдобро-рангирани учесници според вкупниот број на доделени бодови од страна на двочлената жири-комисија биле наградени со книги/енциклопедии и материјали поврзани со Македонија.

Трет натпревар[уреди извор]

Свето Римско Царство[уреди извор]

Уредувачкиот натпревар на тема „Свето Римско Царство“ се одржал од 1 до 30 јуни 2016 година. Учесниците можеле да уредуваат постоечки и нови статии на различни теми поврзани со Светото Римско Царство.

Тројцата најдобро-рангирани учесници според вкупниот број на доделени бодови од страна на тричлената жири-комисија ќе бидат наградени со вредносни ваучери наменети за купување на техничка стока или книги/материјали, и тоа:

  • вредносен ваучер во вредност од 250 евра во денарска противвредност за освоено прво место;
  • вредносен ваучер во вредност од 150 евра во денарска противвредност за освоено второ место; и
  • вредносен ваучер во вредност од 100 евра во денарска противвредност за освоено трето место.

Четврти натпревар[уреди извор]

Градови во Европа[уреди извор]

Уредувачкиот натпревар на тема „Градови во Европа“ се одржал од 7 октомври до 6 ноември 2016 година. Учесниците можеле да уредуваат постоечки и нови статии за различни градови во Европа.

Тројцата најдобро-рангирани учесници според вкупниот број на доделени бодови од страна на тричлената жири-комисија ќе бидат наградени со вредносни ваучери наменети за купување на техничка стока или книги/материјали, и тоа:

  • вредносен ваучер во вредност од 12.000 денари за освоено прво место;
  • вредносен ваучер во вредност од 9.000 денари за освоено второ место; и
  • вредносен ваучер во вредност од 6.000 денари за освоено трето место.

Покрај наградите за најдобро-рангираните учесници, ќе бидат доделени и следните награди:

  • вредносен ваучер во вредност од 5.000 денари за најдобра статија; и
  • вредносен ваучер во вредност од 5.000 денари како посебна награда.

Петти натпревар[уреди извор]

Француска книжевност[уреди извор]

Уредувачкиот натпревар на тема „Француска книжевност“ се одржува од 27 декември 2016 до 26 јануари 2017 година. Учесниците можат да уредуваат постоечки и нови статии поврзани со француската книжевност.

Тројцата најдобро-рангирани учесници според вкупниот број на доделени бодови од страна на тричлената жири-комисија ќе бидат наградени со вредносни ваучери наменети за купување на техничка стока или книги/материјали, и тоа:

  • вредносен ваучер во вредност од 12.000 денари за освоено прво место;
  • вредносен ваучер во вредност од 9.000 денари за освоено второ место; и
  • вредносен ваучер во вредност од 6.000 денари за освоено трето место.

Покрај наградите за најдобро-рангираните учесници, ќе бидат доделени и следните награди:

  • вредносен ваучер во вредност од 5.000 денари за најдобра статија; и
  • вредносен ваучер во вредност од 5.000 денари како посебна награда.

Поврзано[уреди извор]