Википедија:Уредувачки натпревари/Села во Егејска Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Егејска Македонија-Контури.svg
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки натпревари.svg
Уредувачки натпревар на тема „Села во Егејска Македонија“

 

од 22 февруари до 21 март 2016 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Села во Егејска Македонија“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Егејска Македонија“.

Натпреварот почнува на 22 февруари 2016 г. во 00:00 ч. и завршува на 21 март 2016 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии поврзани со селата во Егејска Македонија. Бидејќи темата е специфична, ве замолуваме прочитајте во целост оваа страница. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од селата во Егејска Македонија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаа прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаа можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите тројца учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Ehrlich91
  2. Bjankuloski06
  3. Македонец
  4. Инокентиј
  5. Тиверополник

Предлози за статии[уреди извор]

Материјали[уреди извор]

За потребите на натпреварот обезбедена е книгата „Населените места во Егејска Македонија“ од Тодор Христов Симовски (при наведување користете го шаблонов: Шаблон:НМЕМ) во дигитализиран облик, која сите заинтересирани корисници кои сакаат да уредуваат за овој натпревар, нека се обратат на корисникот Ehrlich91 преку електронска пошта (toni91ehrlich@gmail.com) со цел добивање на изданието. Книгата ќе биде првичен извор на материјал за уредување на сите населени места во Егејска Македонија. Бидејќи е од 1998 година, многу делови за административната состојба во однос на тоа каде припаѓаат селата најчесто не се совпаѓаат со новите состојби, поради што напоменуваме дека треба да се следат административните граници како што е на шаблонот „Егејска Македонија“.

При создавање на нова статија, особено при вметнување на инфокутија во новосоздадената статија, како и за вметнување на инфокутија во досегашните статии, користете го шаблонот Шаблон:Инфокутија Место во Грција.

Покрај материјалот од книгата, учесниците може да уредуваат и користејќи материјали од другите јазични изданија на Википедија (главно Википедија на бугарски јазик), при што треба да се внимава на изнесените податоци во нивните статии во поглед на изјаснувањето на националноста на населението од селата во Егејска Македонија (поради што треба да се користи шаблонот Шаблон:БИМ).

Членови на жирито[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. MacedonianBoy (Ж2)
  3. Boyan (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди[уреди извор]

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 250 евра во денарска противвредност.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 150 евра во денарска противвредност.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 100 евра во денарска противвредност.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.616
2 Ehrlich91 1.402
3 Bjankuloski06 551
4 Македонец 234
5 Инокентиј 53