Прејди на содржината

Википедија:Уредувачки натпревари/Реки и езера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредувачки натпревар на тема
„Реки и езера“

 

од 6 октомври до 26 октомври 2025 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Реки и езера“ — проект на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Реки и езера“. Право на учество на натпреварот ќе имаат исклучиво ученици средношколци, на возраст од 15 до 18 години. Сите останати немаат право на учество на натпреварот!

Важно: Пред да уредувате, погледајте ги напомените во „Материјали“ подолу со цел да знаете за кои статии треба да пишувате.

Натпреварот почнува на 6 октомври 2025 г. во 00:00 ч. и завршува на 26 октомври 2025 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии, кои недостигаат на Википедија на македонски јазик и да подобруваат веќе постоечки. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, така што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале. Напомена: На крајот од секоја седмица ќе биде прогласена најдобрата статија создадена во тој временски период, а не најголем број на создадени статии. Сепак можете да учествувате со повеќе добри статии, со што ќе си ја зголемите можноста да добиете една од наградите.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победниците. Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, ако е помала од 3.000 бајти или ако е употребен машински превод кој е неразбирлив). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот. Исто така, списоци и статии кои содржат главно табели, нема да се вреднуваат како добри статии.

Победник на натпреварот ќе бидат учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

На натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници ученици на возраст од 15 до 18 години, на Википедија на македонски јазик, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи

[уреди извор]

Додајте го своето име и статиите создадени во соодветниот период доколку сакате да учествувате:

Евиденција за прва седмица (6-12 октомври 2025)
Евиденција за втора седмица (13-19 октомври 2025)
Евиденција за трета седмица (20-26 октомври 2025)

Материјали

[уреди извор]
  • Материјали за проширување, создавање и/ или преведување статии може да се пронајдат тука за реки и тука за езера. Ова е предлог извор за полесно пронаоѓање материјали.
  • Забелешка: За уредувачкиот натпревар ќе се вреднуваат само статии за езера и реки. Нема да се вреднуваат професии поврзани со водни површини, книжевност поврзана со реки и езера, битки на водни површини, бродови и слично.

Членови на жирито

[уреди извор]
  1. MacedonianBoy (О1)
  2. P.Nedelkovski (О2)
  3. Jtasevski123 (О3)

Награди

[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги/материјали, техничка стока или спортска опрема по избор на добитникот. На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите статии по седмица, како и три награди за најдобрите уредници по завршување на трите недели. Еден учесник има можност да добие повеќе награди, на пример награда за најдобра статија по седмица, како и награда за најдобар вкупен придонес. Наградените ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Прва седмица

[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Втора седмица

[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Трета седмица

[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

На крајот од трите седмици

[уреди извор]
  • Прва награда: вредносен купон во вредност од 6000 денари.
  • Втора награда: вредносен купон во вредност од 4000 денари.
  • Трета награда: вредносен купон во вредност од 2000 денари.

Резултати

[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на соодветните седмични страници. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

БројКорисникЗбирен резултат
1Горазд Војнески315
2Ritxyql182
3Doni12345132
4Baek14770
5Филип Дамески Дрен69
6Iva Nikolovska62
7XavieraMars59
8Matevska54
9Sara Trajkovska Dren54
10StefanG3349
11Aleksejce49
12НиколаКи49
13Anjadonevska47
14Надица Митева Дрен43
15Tatabitovska00743
16Angelapetkovska090635
17Ivan jankovski30
18Angela090697113329
19Darija.Ml15
20Jopaciste14
21Filippancooo11
22Давид Иљов11
23Марин Димитровски11
24T4mxyz1910
25TododrovikjG9
26Wizard pk9
27NikolaCico9
28Доријан Митев-Миленковски6
Награда за најдобра статија