Википедија:Уредувачки натпревари/Населени места во Пиринска Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредувачки натпревар на тема
„Населени места во Пиринска Македонија“

 

од 3 февруари до 2 март 2020 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Населени места во Пиринска Македонија“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Пиринска Македонија“.

Важно: Пред да уредувате, погледајте ги напомените (со задебелено) во „Материјали“ подолу со цел да го запазиме изворниот македонскиот идентитет на местата за кои ќе се пишува.

Натпреварот почнува на 3 февруари 2020 г. во 00:00 ч. и завршува на 2 март 2020 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии поврзани со населените места во Пиринска Македонија, поточно села, градови или општини. Бидејќи темата е специфична, ве замолуваме прочитајте во целост оваа страница. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, така што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од населените места во Пиринска Македонија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаа прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), така што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. --Тиверополник (разговор) 21:50, 2 февруари 2020 (CET)[одговори]
  2. -- Hristijan Kicho (разговор) 00:00, 3 февруари 2020 (CET)[одговори]
  3. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:23, 3 февруари 2020 (CET)[одговори]
  4. Marijaz22 (разговор) 22:09, 17 февруари 2020 (CET)Marijaz22[одговори]

Предлози за статии[уреди извор]

Материјали[уреди извор]

При создавање на нова статија, особено при вметнување на инфокутија во новосоздадената статија, како и за вметнување на инфокутија во досегашните статии, користете ја предлошката Предлошка:Инфокутија Место во Бугарија.

Покрај материјалот од книгата, учесниците може да уредуваат и користејќи материјали од другите јазични изданија на Википедија (главно Википедија на бугарски јазик), така што треба да се внимава на изнесените податоци во нивните статии во поглед на изјаснувањето на националноста на населението од селата во Пиринска Македонија (поради што треба да се користи предлошката Предлошка:БИМ).

Исто така, употребувајте ги изворните имиња на местата пред нивното менување од бугарската држава. Сите тие се наведени во поединечните статии за општините во Пиринска Македонија.

Членови на жирито[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Инокентиј (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги/материјали, техничка стока или спортска опрема по избор на добитникот.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе уреди „повеќе од 75 статии“ (предвид се земаат сите статии што ќе бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Посебна награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 955
2 Hristijan Kicho 216
3 Bjankuloski06 30
Награда за најдобра статија
Посебна награда
  • Наградата не е доделена.