Прејди на содржината

Википедија:Уредувачки натпревари/Минералогија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредувачки натпревар на тема
„Минералогија“

 

од 1 до 28 февруари 2026 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Минералогија“ — проект на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Минералогија“.

Натпреварот почнува на 1 февруари 2026 г. во 00:00 ч. и завршува на 28 февруари 2026 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Основни информации

[уреди извор]

Правила за учество

[уреди извор]

На натпреварот може да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на оценувачкиот одбор, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Главна тема на натпреварот е минералогијата, и сите статии поврзани со неа ќе бидат признаени и бодувани. Темата вклучува статии за минерали, минералози, установи, научни списанија и теоретски концепти, а прифатливи се и статии од областите на кристалографијата и гемологијата како гранки на минералогијата.

Учесниците можат да создаваат нови или да подобруваат постоечки статии, а бодувањето ќе се врши во поглед на додадената количина нов материјал и и севкупното средување на постоечката статија. Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. Статиите напишани со помош на бот нема да бидат признаени, но дозволено е да се користи алатката за превод доколку автоматски преведената содржина рачно е подобрена од страна на учесникот. При уредување на натпреварот или по неговото завршување, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Оценување

[уреди извор]

Статиите ќе ги прегледува Оценувачки одбор којшто ќе биде составен од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на оценувачкиот одбор ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на Оценувачкиот одбор може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од зададената). Оцена 0 автоматски ќе биде доделена во следните случаи:

  • утврдено е дека статијата е создадена со помош на алатката за превод без учесникот да вложи напори за нејзино средување;
  • статијата содржи зборови коишто се напишани на странски јазик и со странско писмо, а се јавуваат во текстот, инфокутијата или категориите (Внимание: Наводите се оставаат во првобитниот облик и не се преведуваат.); и
  • статијата содржи неразбирливи реченици коишто немаат смисла во македонскиот јазик.

Рангирање

[уреди извор]

Рангирањето на учесниците ќе биде извршено врз основа на доделените бодови од страна на Оценувачкиот одбор. Победник на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе освои најмногу бодови и ги задоволува останатите критериуми за доделување награда.

Список на натпреварувачи

[уреди извор]
Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди. Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. --Lili Arsova (разговор) 15:37, 1 февруари 2026 (CET)[одговори]
  2. --Тиверополник (разговор) 12:18, 2 февруари 2026 (CET)[одговори]
  3. --19user99 (разговор) 21:00, 2 февруари 2026 (CET)[одговори]
  4. --Bojan9Spasovski (разговор) 03:00, 4 февруари 2026 (CET)[одговори]
  5. --XavieraMars (разговор)

Членови на Оценувачкиот одбор

[уреди извор]
  1. Kiril Simeonovski (О1)
  2. Ehrlich91 (О2)
  3. Инокентиј (О3)
  • Станете член на Оценувачкиот одбор за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали за користење

[уреди извор]

За минералогијата можете да ги користите следните категории на Википедија на англиски јазик:

Награди

[уреди извор]

Наградите за овој ќе бидат вредносни купони. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Одбраните корисници на наградите ќе бидат контактирани како да си ги подигнат наградите.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најплодотворниот тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на Оценувачкиот одбор

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на Оценувачкиот одбор

Награда ќе биде доделена и за најплодотворниот нов учесник, односно корисник кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари.

Посебна награда ќе биде доделена и на учесникот којшто ќе напише „најмногу статии за минерали“.

Важно: За да се освои било која награда за плодотворност, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на Оценувачкиот одбор, а за да се освои посебната награда, посебно е да се создадат или подобар најмалку 15 статии за минерали оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на Оценувачкиот одбор.

I награда

[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда

[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда

[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија

[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Награда за најдобар нов учесник

[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Посебна награда

[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.