Википедија:Уредувачки натпревари/Ѕвезди
![]() |
![]() |
![]() |
„Ѕвезди“ од 23 август до 22 септември 2024 година Уредувачки натпревар на тема „Ѕвезди“ — проект на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Ѕвезди“. Натпреварот почнува на 23 август 2024 г. во 00:00 ч. и завршува на 22 септември 2024 г. во 23:59 ч. по македонско време. Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија). Основни информации[уреди извор]Правила за учество[уреди извор]На натпреварот може да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на оценувачкиот одбор, а за најдобрите учесници се обезбедени награди. Главна тема на натпреварот се ѕвездите и сите статии поврзани со нив ќе бидат признаени и бодувани. Темата вклучува статии за одделни ѕвезди, видови ѕвезди, но и теоретски поими во врска со ѕвездите. Статии напишани на општи теми од астрономијата коишто немаат врска со ѕвездите нема да бидат земени предвид при оценувањето. Учесниците можат да создаваат нови или да подобруваат постоечки статии, а бодувањето ќе се врши во поглед на додадената количина нов материјал и и севкупното средување на постоечката статија. Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. Статиите напишани со помош на бот нема да бидат признаени, но дозволено е да се користи алатката за превод доколку автоматски преведената содржина рачно е подобрена од страна на учесникот. При уредување на натпреварот или по неговото завршување, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале. Оценување[уреди извор]Статиите ќе ги прегледува Оценувачки одбор којшто ќе биде составен од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот. Членовите на оценувачкиот одбор ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10. Член на Оценувачкиот одбор може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од зададената). Оцена 0 автоматски ќе биде доделена во следните случаи:
Рангирање[уреди извор]Рангирањето на учесниците ќе биде извршено врз основа на доделените бодови од страна на Оценувачкиот одбор. Победник на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе освои најмногу бодови и ги задоволува останатите критериуми за доделување награда. Список на натпреварувачи[уреди извор]Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди. Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси. Членови на Оценувачкиот одбор[уреди извор]
Материјали за користење[уреди извор]Може да се користат преводи, но се препорачува користење извори на македонски јазик, односно истражување од македонските мрежни страници и нивно наведување во статиите. Како главни извори ги предлагаме ненапишаните статии од следниве места:
Награди[уреди извор]Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги и техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница, наведете по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите ќе бидат контактирани како да си ги подигнат наградите. На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на Оценувачкиот одбор Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на Оценувачкиот одбор Награда ќе биде доделена и за најдобриот нов учесник, односно корисник кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари. Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории. Важно: За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на Оценувачкиот одбор. Посебно изненадување: Сите учесници во натпреварот коишто ќе уредат најмалку 20 статии ќе добијат посебно изненадување доколку во натпреварот вкупно бидат уредени најмалку 500 статии. I награда[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 12.000 денари. II награда[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 6.000 денари. III награда[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 3.000 денари. Награда за најдобра статија[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 5.000 денари. Награда за најдобар нов учесник[уреди извор]Вредносен купон во вредност од 2.000 денари. Резултати[уреди извор]Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на Оценувачкиот одбор.
|