Википедија:Уредувачки маратони - Реки и езера во Словенија
Изглед
На 24 октомври 2025 година се одржа уредувачки маратон на темата „Реки и езера во Словенија“. Овој настан беше организира во рамки на уредувачкиот натпревар за средношколци кој трае три седмици, на тема Реки и езера.
Настанот се одржа во МКЦ во Скопје, во соработка со Словенечкиот центар Скопје, при што учествуваа 8 ученици од Вики Клубот при СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“. На почетокот ги поздрави претседателот на Словенечкиот центар Скопје, Сашо Стојковски, како и директорот на училиштето СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“. Учениците имаа можност да се запознаат со словенечките реки и езера, а потоа уредуваа статии од оваа област.
Беа напишани вкупно 34 статии, сите запишани како дел од уредувачкиот натпревар за средношколците, кој е во тек.