Википедија:Уредувачки маратони - Растенијата околу нас: Демир Хисар
На 25 март 2026 година се одржа уредувачки маратон посветен на темата „Растенијата околу нас: Демир Хисар“. Во рамки на настанот беше организирана посета во Слепченскиот манастир, со ученици членови на Вики клубот во Демир Хисар. Монахињата сестра Ксенија раскажа дел од историјата на манастирот, каде се чуваат мошти од Свети Кипријан Слепченски и Света преподобномаченичка Стефанида Битолско Скадарска, прогласена за света на 30 јуни 2024 година, односно вброена во диптихот на светителите и исповедниците на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Потоа сестра Марина, настојателка во манастирот, и сестра Харитина, градинар во манастирот, ги поведоа присутните до овоштарникот и манастирскиот стакленик, каде сестра Харитина на присутните им одржа едукативна работилница со настава во манастирскиот стакленик, каде се одгледуваат разни видови на тревки, цвеќиња, зеленчук и дргу видови растенија.
Учениците членови од Вики Клубот Демир Хисар на крајот од настанот, напишаа 15 статии за растенија кои растат во Македонија.
Придонеси
[уреди извор]| Корисничко име | Статии |
|---|---|
| Константина.ѓј | |
| Antonijaa.2012 | |
| Ljubica.kalapovska2011 |
|
| Tamara.B.2012 | |
| Marija.Mileska222 |
|