Прејди на содржината

Википедија:Уредувачки денови 2026

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратенки:
ВП:УД

Во текот на 2026 година е планирано да се одржуваат уредувачки денови. Уредувачките денови се изведуваат во текот на еден ден од 24 часа, со почеток во 00:00 ч. и крај во 23:59 ч. истиот ден. Предвид се земаат сите создадени или подобрени статии на зададената тема од корисници на Википедија на македонски јазик кои ги пријавиле во уредувачкиот ден.

Напомена: Заради избегнување на спротивставени уредувања и пишување на иста статија од двајца или повеќе корисници на Википедија на македонски јазик, секој заинтересиран учесник е пожелно да го пријави своето учество и да избере кои статии ќе ги уредува!

Награди и рангирање

[уреди извор]

Важно: Наградите за овој предизвик ќе бидат вредносни купони во вредност од 2.500 денари. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на секој месец во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Одбраните корисници на наградите ќе бидат контактирани како да си ги подигнат наградите. За да се освои награда, потребно е да се исполнат следните критериуми:

  • Да се учествува во најмалку 10 изданија на уредувачките денови и/или викенди во текот на еден месец, и
  • Да се создадат или подобрат најмалку 25 статии од тековниот месец.

Збирниот резултат претставува број на додадени зборови на Википедија преку уредените статии, за што е користена посебна википедијанска алатка за пребројување на зборови. Победник на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе освои најмногу бодови вкупно од двата предизвика (уредувачки денови и уредувачки викенди) и ги задоволува останатите критериуми за доделување награда.

Уредувачки денови по месеци

[уреди извор]

Резултати по месеци

[уреди извор]

Поврзано

[уреди извор]